Химитли (, Агапи; до 1927 г. Χιμιτλή, Химитли) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Доксат во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Денес е североисточно маало на селото Органџи.
Географија Селото се наоѓало североисточно од с. Органџи и веднаш северно од с. Касапли, десетина километри североисточно од Доксат. Лежело во областа Драмско Поле, во западното подножје на планината Урвил.
Историја Во XIX век Химитли било село во Драмската Каза. Сè до 1923 г. било населено со Турци.
Во Грција Со Букурешкиот договор 1913 г. селото се припоено кон Грција. Таа година населението броело 470 жители. Во текот на следните години населението се зголемило, па во 1920 г. во Химитли живееле 519 лица, сите од турска народност.
Со потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 г. сето население е иселено во Турција, а на негово место се доведени турски Грци. Во 1927 г. селото е преименувано во Агапи, што значи „љубов“. Во 1928 г. се попишани 597 жители, сите грчки дојденци.
Во подоцнежните пописи селото не се споменува како одделна населба бидејќи станало дел од соседното Органџи, чие население исто така веќе било дојденско (грчко) на местото на иселеното турско.
Поврзано Органџи Драмско Поле
Наводи
Категорија:Историски села во Доксат