Балејка () — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 35 жители (2011). Ова не е традиционално село, туку никнало како сточарска населба во XX век.
Географија Селото се наоѓа во областа Вардарија, недалеку на југозапад од Коритен (Ѓордино) и 30 км северозападно од Солун. Лежи крај самиот пат кој води од Солун за Кукуш.
Историја Населбата за првпат се среќава во пописот од 1928 г. под името Ливадион, со население од 58 жители. Во 1940 г. местото е веќе заведено како село Балејка, во кое тогаш живееле 57 лица. Се смета дека селото настрадало во Грчката граѓанска војна и било напуштено, бидејќи отсуствува на пописот од 1951 г. Подоцна сточарско население се повратило во Балејка, така што во 1961 г. 60 лица, намалувајќи се на 51 во 1971 и 48 во 1981 г. Во 1991 г. населението се зголемило на 58 жители, за повторно да се смали на 33 во 2001 и 35 во 2011 г.
Население
Стопанство Како мала сточарска населба, населението се занимава главно со сточарство.
Поврзано Вардарија
Наводи
Надворешни врски Балејка на страницата за Каваклиево — портал на Општина Илиџиево Провозување нив улиците на Балејка — кратко видео
Категорија:Илиџиево