Љубица (хрватски: Ljubica) - хрватски и југословенски филм од 1978 година, во режија на Крешо Голик. Главните улоги ги играат: Божидарка Фрајт, Миодраг Кривокапиќ, Иван Пико Станчиќ и Реља Башиќ. Ова е деветтиот филм на Голик.HRT, Ljubica, hrvatski film (пристапено на 15.11.2019)

Синопсис Љубица (ја игра Фрајт) е привлечна жена во средните години која работи како педагог во центарот за глуви деца во Загреб. Нејзиниот маж (го игра Кривокапиќ) работи во странство и ретко се јавува дома. Нивното дете живее со баба му во селото. Љубица живее здодевен живот, а пресвртот настапува кога го запознава младиот, згоден студент (го игра Станчиќ)...HRT, Ljubica, hrvatski film (пристапено на 15.11.2019)

Наводи

Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Загреб Категорија:Филмови на хрватски јазик Категорија:Хрватски филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови од 1978 година Категорија:Филмови на Крешо Голик Категорија:Филмови со Реља Башиќ Категорија:Филмови со Миодраг Кривокапиќ Категорија:Филмови со Божидарка Фрајт