мини|десно|200п|Минусна коцка мини|десно|200п|Расклопени внатрешни коцкички на минусната коцка
Минусна коцка () — тридимензионална механичка загатка, варијанта на загатката 15, која се произведувала во СССР. Претставува затворена проѕирна коцка во којашто се содржани 7 мали коцкички, од кои секоја се состои од две половини во облик на буквата „П“ со различна боја. Должината на внатрешната страна од надворешната коцка е малку од двојно поголема од страната на внатрешните коцкички. Надворешната коцка не содржи осма внатрешна коцкичка, а така ослободениот простор служи за поместување на коцкичките. Цел на загатката е да се поместат коцкичките на начин, така што сите внатрешни коцкички на секоја страна од надворешната коцка образуваат иста боја.Патент Игра-головоломка «минус-кубик» Зубряева (RU 1367992), 1983.
Во производство биле две варијанти на минусната коцка — московска и свердловскаДубровский В. Н., Калинин А. Т. (1990). Математические головоломки — М.: Знание. ISBN 5-07-000097-7, c. 78—79. — кои се разликувале по боите на коцката — бело-сива или бело-црвена — како и по ориентацијата на една од малите коцкички. Поради последното, кај московската варијанта имало 12 пати повеќе решенија, што укажува на тоа дека свердловската варијанта била 12 пати потешка за решавање.
Поврзано 15 (загатка) Рубикова коцка
Наводи
Надворешни врски Статија за минусната коцка на Квант. стр. 66. Патент DE 3,027,556
Категорија:Загатки