Петар Митров (Миравци, 22 јуни 1942 — Скопје, 18 ноември 2019) — македонски сликар и спортист.

Животопис Петар Митров е роден на 22 јуни 1942 година во Миравци, тогаш под бугарска фашистичка окупација. Го поминал неговото детство во Скопје. Стекнал више образование во градот и подоцна во Белград. Во 1968 година, пет години после земјотресот, се вратил во Скопје. Работел како дизајнер во фабриката „Треска“. После тоа, до неговото пензионирање, работел како професор во ДСУПУ „Лазар Личеноски“. Член бил на ДЛУМ. Починал на 18 ноември 2019 година во Скопје.

Самостојни изложби

Карикатури — Крушево (1985) Ликовен салон — Велес (1989) Уметничка галерија — Куманово (1989) Уметничка галерија „Безистен“ — Штип (1989) КИЦ — Скопје (1990 и 1993) Ликовен салон — Тетово (1995) Дом на АРМ — Скопје (2011)

Групни изложби и саеми

Сојузна привредна комора — Белград (1968) Редовни изложби на ДЛУПУМ — Скопје (1971 и 1985) Саем на дизајн и мебел — Париз, Белград и Загреб (1971) Саем на мебел — Минхен, Загреб, Белград и Скопје (1972) Изложба во Торино и Загреб (1979 и 1980) Уметничка галерија „Даут-пашин амам“ — Скопје (1986) Ликовен клуб „КО-РА“ — Скопје (1994 и 1996) Дом на АРМ — Скопје (1996) Ликовна галерија — Тетово (1996) Изложба во Софија (2002) Музеј на Град Скопје — Скопје (2002)

Награди

Награда за дизајн од Сојузна привредна комора — Белград (1968) Годишна наград на ДЛУПУМ — Скопје (1983) Награда за сликарство КО-РА — Скопје (1994) ОСТЕН награда „Цицо“ — Скопје (2014)

Наводи

Категорија:Родени во 1942 година Категорија:Починати во 2019 година Категорија:Луѓе од Миравци Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски сликари Категорија:Југословенски сликари Категорија:Македонски дизајнери Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Членови на ДЛУМ