Роза Топузова Каревска (родена на во ) — македонски политичар и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. Член е на Либерално-демократската партија од 1994 година. Дипломирала на археологија и историја на уметност и е магистер на археологија. Работела во Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Во периодот 2002-2006 е пратеник во Собранието, а од 2003-2007 и прв Генерален Секретар на ЛДП. На парламентарните избори во 2006 го добива вториот пратенички мандат (во првата изборна единица). Прогласена е за најревносен и најактивен пратеник во овој состав на Собранието.

Наводи

Надворешни врски Профил на страницата на ЛДП

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Прилеп Категорија:Политичари од ЛДП Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011