Лихов-Даненберг () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, кој обично се нарекува и како Хановерски Вендланд (Hannoversches Wendland) или Вендланд. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Илцен и Линебург и со сојузните покраини Мекленбург-Западна Померанија (округот Лудвигслуст-Пархим), со Бранденбург (округот Пригниц) и со Саксонија-Анхалт (окрузите Штендал и Алтмаркрајс Залцведел).
Географија
Округот е именуван по двата поголеми града. Познат е и под името Вендланд, што доаѓа од германизираното име на Западните Словени, Венди, кои живееле тука до век — последниот говорник на локалниот дијалект на полапскиот јазик починал во 1752 година. Пејзажот е карактеризиран од речните шуми долж реката Елба и ниските ридови.
Дополнително, Вендланд е познат по малото село Горлебен, каде е планирано да се складира радиоактивен отпад. Моментално, во селото постојат објекти за привремено складирање на овој тип на отпад.
Историја
Во средниот век, грофовиите Лихов и Даненберг се протегале во оваа област (од раниот век). Овие грофовии првично биле словенски држави, кои ја изгубиле својата независност од Војводството Брауншвајг-Линебург на почетокот на век.
Областа била владеена од Линебург до 1705 година, а потоа била дел од Изборното кнежевство Хановер. Кога Кралството Хановер било припоено од Прусија (1866), окрузите Лихов и Даненберг биле основани во рамки на новата покраина Хановер.
Во областа се користел полапскиот јазик до век.
Во 1932 година, двата округа Лихов и Даненберг биле споени во моменталниот округ со Даненберг како главен град. Во 1951 година, административното седиште било преместено во Лихов.
Моментални проблеми
Од крајот на 1990-тите години, финансиските проблеми на општините во округот станувале поголеми. За заштеда на пари за администрација биле предложени неколку решенија. Првата варијанта била претворање на округот во урбан округ, во кој 27. општини ќе станат окрузи на еден град. Друга опција била спојување на две општински заедници. Распуштање на округот и спојување на двете преостанати општински заедници во окрузите Линебург и Илцен, исто така, се разгледуваат.
Грб
Грбот прикажување:
ела, кој бил хералдички симбол на грофовите на Даненберг три жолти ромбови од грбот на грофовите на Лихов
Градови и општини
мини|300п|десно|Градовите и општините во округот Лихов-Даненберг
Слободни областиОпштински заедници Гартов Герде 1. Елбталауе Дамнац Даненберг1, 2 Герде Гусборн Хицакер2 Јамелн Карвиц Лангендорф Ној Дархау Цернин2. Гартов Гартов1 Горлебен Хебек Прецеле Шнакенбург2 3. Лихов Берген на Думе Кленце Кистен Лемгов Лукау (Вендланд) Либов Лихов1, 2 Шнега Требел Вадевајц Волтерсдорф Вустров21седиште на општинската заедница; 2град
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Окрузи во Долна Саксонија