Даутли (, Монолофо; до 1926 г. Δαουτλή, ДаутлиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δαουτλή -- Μονόλοφο)— село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината истоимената општина во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 370 жители (2011).
Географија Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на левиот брег на реката Галик. Се наоѓа на помалку од 3 км североисточно од Џумаја, северно од Солун, а јужно од Кукуш.
Историја
Сè до 1920-тите селото Даутли било населено со Турци.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 86 жители, сите Турци. Во овој период, во својот патописен попис Боривое Милоевиќ го завел како село со 10 турски куќи, а во 1920 г. се попишани само 26 жители, што укажува на тоа дека пострадало во Првата светска војна. Во 1924 г. населението е иселено во Турција согласно Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти, и тоа 29 семејства од Понд и 4 семејства од Источна Тракија. Во 1928 г. Даутли било наполно дојденско село со 123 жители од 35 семејства. Во 1926 г. селото е преименувано во Монолофо.
Населението на Даутли доживеало нагол пораст почнувајќи од пописот во 1961 г. бидејќи кон него почнало да се брои населението на селото Прнар, кое потоа е напуштено.
Население
Стопанство Во селото претежно се произведуваат тутун и жито.
Поврзано Вардарија
Наводи