мини|200п|Бочви со вино кјанти мини|200п|Бочви со различна големина thumb|Бочварска работилница Бочва или фучија – голем дрвен сад со два газера стегнат со обрачи во кој се чуваат течности, најчесто вино; големо буре. Бочвите се користат за производство и чување вино и пиво и концентрирани алкохолни пијалаци – ракија, саке, текила, бренди, виски, рум и др. Кога пијалаците одлежуваат во бочви, тие добиваат дел од супстанците кои се содржат во дрвото како ванилин и танин.

Бочвите се изработуваат до дрвени летви, стегнати со железни обрачи. Најчесто се користи даб, поретко се користи костеново дрво, а за јапонското саке – понекогаш и кедрово. Бочвата има 2 отвора: горен, низ кој се налева течноста, и долен (со чеп), низ кој се точи течноста.

Поврзано Каца Кофа Бочварски занает

Наводи

Надворешни врски

Зошто се претпочитаат дабови бочви Origin of "over a barrel"

Barrel Basics Barrel Construction How to store and maintain oak barrel

Категорија:Садови