Столбовите на небото (англиски: Pillars of the Sky) - американски филм од 1956 година, во режија на Џорџ Маршал (George Marshall), според сценариото на Сем Ролф (Sam Rolfe), засновано врз романот на Хек Ален (Hecka Allena). Главните улоги ги толкуваат: Џеф Чендлер (Jeff Chandler), Дороти Мелоун (Dorothy Malone), Ворд Бонд (Ward Bond) и Кит Андес (Keith Andes), а во една епизодна улога се појавува и Ли Марвин (Lee Marvin).HRT, Stupovi neba, američki film (пристапено на 1.12.2019)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во Орегон, во 1868 година. По прифаќањето на христијанството, индијанските племиња живеат мирен живот, најмногу благодарение на мисионерот Џосеф Холден (го игра Бонд). Меѓутоа, откако се најавува изградба на железничка пруга низ индијанската територија, главатарот Камијакан отворено го изразува своето незадоволство, а наредникот Емет Бел (го игра Чендлер) доаѓа со задача да го сочува мирот меѓу Индијанците и доселениците...HRT, Stupovi neba, američki film (пристапено на 1.12.2019)

Наводи

Категорија:Филмови на Џорџ Маршал Категорија:Филмови со Џеф Чендлер Категорија:Филмови со Дороти Мелоун Категорија:Филмови со Ворд Бонд Категорија:Филмови со Ли Марвин Категорија:Филмови од 1956 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Вестерни Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Орегон