Прогресивистичка настава — настава која произлегува од педагошкото движење на прогресивистичко образование или прогресивистичка педагогија што започнало во доцниот 19 век и се задржало во различни форми до ден денешен. Епитетот „прогресивистичка“ е даден со цел да се разграничи оваа настава од традиционалната настава од Европа и Америка од 19 век, која се основа на класична подготовка на учениците за универзитет и која е силно диференцирана по општествени класи. За споредба, прогресивистичката настава се основа на сегашното искуство. Главни одлики на прогресивистичката настава се следните:
Нагласување на учење преку правење нешто - проекти кои вклучуваат мануелна активност, учење преку искуство; Интегриран наставен план фокусиран на тематски единици; Вклучување на претприемништвото во образованието; Силно нагласување на решавање на проблеми и критичко размислување; Работа во група и развивање на општествени (социјални) способности и вештини; Разбирање и дејствување се целите на учењето, наспроти учењето напамет; Проекти за учење кои се темелат на соработка; Воспитание за општествена одговорност и демократија; Силно персонализирано учење кои води сметка за личните цели на секој поединец; Вклучување на служењето на општествената заедница во наставниот план; Одбирање на наставното градиво со земање предвид кои вештини ќе бидат потребни во идното општество; Ненагласување на учебниците во полза на различни други ресурси за учење; Нагласување на доживотното учење и трајните општествени вештини; Проверка на совладаното од ученикот преку евалуација на неговите изработени проекти и изведби.
Категорија:Настава