Велики Преслав () — град во Источна Бугарија и претставува административен центар на општина Велики Преслав. До 1993 година се вика Преслав и во историјата е познат како втора престолнина на Бугарија меѓу 893-972 г. Во градот се наоѓа археолошки музеј и тврдина. Особено голем процвет достигнува во времето на ханот Омуртаг како воен лагер со гарнизон.

Денес градот брои околу 9.000 жители.

Историја лево|мини|План на стариот град Царот Симеон Велики ја преместил престолнината од Плиска во Преслав. Во градот настанал т.н. „златен век“ на бугарската култура. Се развиле најмногу литературата, архитектурата и уметноста. Биле изградени голем број христијански храмови, а престолнината била направена по урнек на Цариград. Од Плиска во Преслав била преместена и Преславската книжевна школа.

Личности поврзани со Преслав

цар Симеон I (893-927) цар Петар I (927-969) цар Борис II (969-971) цар Роман (978-991) цар Пресијан II 1018 цар Петар II (1040-1041) цар Петар III (1072) Наум Охридски Константин Презвитер Црноризец Храбар Јован Егзарх Презвитер Козма

Галерија

Наводи

Надворешни врски Музеј Велики Преслав „Велики Преслав - Златниот главен град“, Велиана Христова

Категорија:Населени места во областа Шумен