Чавалер (, Килади; до 1927 г. Τσαβαλέρη, ЦавалериΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσαβαλέρη -- Κοιλάδι) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1 жител (2021).
Географија Селото е сместено во областа Населица, северно од Жупан и југозападно од Лапчишта, на помалку од 5 км југозападно од Царишта.
Историја Во Отоманското Царство На крајот на ХІХ век Чавалер се води како муслиманско гркојазично село во Населичката Каза.
Чавалер е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век. Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона во 1904 г. во Чавалер (Τσαβαλέρ) живееле 150 Валахади (Грци-муслимани).Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001. Поради отсуството од други негрчки статистики и пристрасноста на грчките, исправноста на податокот за народноста не е утврдена со сигурност.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Чавалер е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 170 жители, а во 1920 г. имало 146 лица.
Кон средината на 1920-те жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор и на нивно место се доведени грчки колонисти од Понд. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско, со 112 жители (31 семејства). Во 1927 г. името му е сменето во Килади, што е изведено од поимот за „долина“.
Во 1940 г. Чавалер имал 160 жители, а следната 1951 г. достигнало 178 лица. Во 1960-тите населението почнало да се иселува и бројот на жители драстично се намалил. Во следните десетлетија населението продолжило да се намалува, за да доживее уште еден бран на големо иселување во 2000-тите, по кој во 2011 г. се свело на само 3 жители.
Население
Стопанство Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно е застапено и сточарството.
Поврзано Населица
Наводи
Категорија:Горуша (општина)