Мембранска транспортна белковина (или едноставно транспортер) е мембранска белковина која е вклучена во движењето на јони, мали молекули и макромолекули низ биолошка мембрана. Транспортните белковини претставуваат интегрални трансмембрански белковини, т.е. тие се наоѓаат внатре во мембраната низ која транспортираат супстанци. Овие белковини можат да помогнат во движењето на супстанците низ мембраната или со олеснета дифузија или со активен транспорт. Тие се категоризирани во две главни групи, канали и носачи. Носачите на растворени супстанци (SLC, од англ. solute carrier) и атипичните SLC-белковини се вторично активни или олеснителни транспортери кај човекот. Колективно, мембранските носачи и канали се нарекуваат транспортом. Транспортомот го регулира клеточниот инфлукс и ефлукс не само на јони и хранливи материи, туку и на лекови.
Разлика помеѓу канали и носачи Носачот е транспортер кој не е отворен истовремено кон вонклеточната и кон внатреклеточната средина, односно отворена е или неговата внатрешна „порта“ или неговата надворешна порта. За разлика од носачот, каналот може да биде отворен истовремено кон двете средини, дозволувајќи им на молекулите и јоните да дифундираат без пречка. Исто така, носачите имаат врзувачки места, а каналите и порите немаат. Кога е отворен канал, милиони јони можат да поминат низ него во рок од една секунда, но низ носач за истото време можат да поминат само 100 до 1000 молекули. Секој носач може да препознае само една супстанца (супстрат) или една група на многу слични супстанци.
Активен транспорт мини|300x300пкс|Механизам на дејство на натриум-калиумовата пумпа, кој е пример за првичен активен транспорт. Активен транспорт е движење на супстанца низ мембрана спротивно на нејзиниот концентрациски градиент. Ако процесот користи хемиска енергија во вид на аденозин трифосфат (ATP), тој се нарекува првичен активен транспорт. Ако процесот користи енергија во вид на електрохемиски градиент, тој се нарекува вторичен активен транспорт. Активниот транспорт се среќава само кај носачите, додека каналите учествуваат само во пасивен транспорт.
Олеснета дифузија десно|мини|300x300пкс|Олеснета дифузија во клеточна мембрана. Прикажани се јонски канали (лево) и белковини-носачи (три од десно). Олеснета дифузија е транспорт на молекули или јони низ биолошка мембрана преку специфични транспортни белковини за кого не е потребна потрошувачка на енергија. Олеснетата дифузија се користи особено во случај на големи поларни молекули и наелектризирани јони; откако ваквите јони се растворени во вода тие не можат слободно да дифундираат низ клеточните мембрани поради хидрофобната природа на масните киселини од фосфолипидниот двослој. Типот на белковински носачи кои се користат за олеснета дифузија е малку поразличен од типот кои се користат за активен транспорт.
Типови (Групирани според Базата на податоци за класификација на транспортери - TCDB, од англ. Transporter Classification Database)
1: Канали/пори
α-завојни белковински канали, како што се напонскорегулираните јонски канали и јонските канали регулирани од лиганди. β-цилиндрични порини, како што се аквапорините. токсини кои формираат канали, вклучувајќи ги колицините, дифтеричниот токсин и други. Нерибозомно синтетизирани канали, како што е грамицидинот Холини; кои функционираат во изнесувањето на ензими кои го разградуваат бактерискиот клеточен ѕид во раната фаза на клеточната лиза.
Забелешка:
Канали:
Каналите се наоѓаат или во отворена или во затворена состојба. Кога каналот се отвора, со мала конформациона промена, тој е отворен истовремено за двете средини (вонклеточна и внатреклеточна).
мини|Сликата прикажува симпорт. Жолтиот триаголник ја покажува концентрацијата на жолтите јони додека зелениот триаголник ја покажува концентрацијата на зелените јони, а виолетовиот цилиндар е транспортната белковини. Зелените јони се движат наспроти нивниот концентрациски градиент преку транспортната белковина, за што е потребна енергија, додека жолтите јони се движат во насока на нивниот концентрациски градиент, што ослободува енергија. Жолтите јони произведуваат повеќе енергија преку хемиосмоза од онаа што е потребна за транспорт на зелените јони, па нивниот транспорт е спрегнат.Пори:
Порите постојано се отворени за двете средини, бидејќи тие не се подложни на конформациони промени. Тие се секогаш отворени и активни.
2: Транспортери кои користат електрохемиски потенцијал Исто така се нарекуваат носачи или вторични носачи.
2.A: Портери (унипортери, симпортери, антипортери), SLC. мини|Сликата прикажува унипорт. Жолтиот триаголник ја покажува концентрацијата на жолтите јони, а виолетовиот цилиндар е транспортната белковина. Бидејќи тие се движат во насока на нивниот концентрациски градиент преку транспортна белковина, тие ослободуваат енергија како резултат на хемиосмоза.Ексцитаторни аминокиселински транспортери (EAAT) EAAT1 EAAT2 EAAT3 EAAT4 EAAT5 Гликозен транспортер Моноамински транспортери, вклучувајќи ги: Допамински транспортер (DAT) Норадреналински транспортер (NET) Серотонински транспортер (SERT) Везикуларни моноамински транспортери (VMAT) Аденин нуклеотид транслокатор (ANT) 2.В: Нерибозомно синтетизирани носачи, како што се: Нигерицин фамилијата Јономицин фамилијата 2.C: Енергизатори поттикнати од јонски градиент
3: Првични активни транспортери
3.A: Транспортери кои како извор на енергија користат хидролиза на P-P врска : ABC-транспортери, како што се MDR, CFTR V-тип ATPаза („V“ означува вакуоларна) P-тип ATPаза („P“ означува фосфорилација), како што се : Na+/К+-ATPазата Плазма мембранска Ca2+ ATPаза Протонска пумпа мини|Сликата прикажува антипорт. Жолтиот триаголник ја покажува концентрацијата на жолтите јони додека синиот триаголник ја покажува концентрацијата на сините јони, а виолетовиот цилиндар е транспортната белковина Сините јони се движат наспроти нивниот концентрационен градиент, што бара енергија, додека жолтите јони се движат во насока на нивниот концентрационен градиент, што ослободува енергија. Жолтите јони произведуваат повеќе енергија преку хемиосмоза одошто е потребно за да се транспортираат сините јони, па затоа нивниот транспорт е спрегнат.F-тип ATPаза; („F“ означува фактор), како што се митохондриската АТФ-синтаза, хлоропластната АТФ-синтаза1 3.В: Транспортери кои како извор на енергија користат декарбоксилација 3.C: Транспортери кои како извор на енергија користат трансфер на метил група 3.D: Транспортери кои како извор на енергија користат оксидоредукциона реакција 3.E: Транспортери кои како извор на енергија користат фотохемиска реакција, како што е родопсинот.
4: Транслокатори на групи Транслокаторите на групи обезбедуваат посебен механизам за фосфорилација на шеќери, при нивниот транспорт во бактериите (транслокација на PEP група).
5: Носачи на електрони Трансмембранските носачи на електронски трансфер ги вклучуваат носачите на два електрона, како што се оксидоредуктазите на дисулфидни врски (DsbB и DsbD во E. coli), и носачите на еден електрон, како што е NADPH оксидазата. Често овие редокс-белковини не се сметаат за транспортни белковини.
Поврзано
Мембрански транспорт Мембрански белковини Активен транспорт Олеснета дифузија Јонски канал Ендоцитоза
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Белковини Категорија:Мембрански белковини Категорија:Преносни белковини