мини|Овчар во сточарска носија од Охридско Поле, каде најзабележлива облека е гуната со капата „ќулавка“ (1919) Гуна или гуња — селска топла горна облека сошиена од шајак. Била изработена од клашна од природна темна волна, поставена, долга до колената и украсена со гајтани. Гуната претставувала статусен симбол, го изразувал социјалниот и економскиот статус на личност што го носела. Била носена сѐ до втората половина на 19 век.

Историја Гуната се користела уште во среден вексредниот век, а неговото име настанало од грчкиот и латински збор gunna што значи крзно или кожув. На почетокот на 14 век гуната претставувал едноставен волнен покривач и наметка, со време стана вид капут со долги ракави, за да се трансформира во елек без ракави. Гуните ги изработувале терзии и абаџии од сукна, чоја или шајак. На почетокот бил дел од секојдневната носија, а со време станал дел од свечена традиционална облека. На почетокот на 20 век гуната сѐ помалку се носела, бидејќи тогаш продира модерната градска носија, која била поевтина и подостапна.

Изглед и изработка на гуната Гуната ретко се произведувала во домашна изведба, главно била изработувана во работилници. Жените подготвувала груб текстил – аба, од кој се изработувала гуната. Главно тоа била ткаенина од волна, ретко од козина, која се ткаела на хоризонтален разбој . После ткаењето, платното се валало во валавици за да се добие покомпактна текстура. Постапката на валање се комбинирало со удари со дрвени удиралки и вода.

После валањето и сушењето, ткаенината се боела. Гуните можело да имаат украси и везови, украсите на гуните биле изработувани со пришивање на парчиња сукна, а везот бил изведуван на основата со волнени и свилени гајтани. Гајтанот се усукувал, а потоа се зацврстувал на облеката. Некои занаетчии имале чираци чија единствена задача била да усукуваат гајтани. Колку што гајтаните биле пораскошни тоа значело дека нарачателот бил побогат и дека занаетчијата бил многу вешт. Украсувањето на гуната можело да трае и по неколку месеци, во зависност од сложеноста на украсите.

Аџиите на поклонение носеле гуна изработена од тенка црна чоја со широки ракави без украси која се викала либаде.Речник на турцизми, архаизми, дијалектизми и ретко употребувани зборови во македонскиот јазик од Толе Белчев

Гуната во македонски пословици Зиме леб, а лете гуна носи, рекол овчарот. В лето бес гуна и в зима бес леб да не ојш на дрва.

Поврзано Народна носија Македонски народни носии Терзија Абаџија

Наводи

Литература Ј. Милка, Народна ношња у Србији у XIX веку, Српски етнографски зборник XCII, 1979.

Надворешни врски Проект Растко- Народни носии Етнографски музеј во Белград

Категорија:Македонска народна носија Категорија:Облека