Душан Влаховиќ (роден на 28 јануари 2000, во Белград) — српски фудбалер, напаѓач на Бешикташ и на српската репрезентацијата.

Технички карактeристики Сметан за еден од најперспективните играчи на неговата генерација, тој е напаѓач со моќна фигура, надарен со извонредна техника, кој може да игра и како прв и како втор напаѓач. Има моќен и прецизен шут со неговата "левица" што му овозможува да постигнува многу голови во и надвор од шеснаесеттникот, но тој исто така е одличен изведувач на пенали и слободни удари.

Клупска кариера Партизан Влаховиќ започнал да игра фудбал во фудбалската школа Алтина од Земун. Потоа тој поминал три месеци во ОФК Белград, а одиграл и еден натпревар за јуниорите на Црвена ѕвезда.

Во летото 2014 година дошол во Партизан.

Својот прв професионален договор со Партизан го потпишал во февруари 2015, на само 15 години. На почетокот на 2016 година, Влаховиќ бил приклучен во првиот тим на Партизан под водство на тренерот Иван Томиќ и го зел дресот со број 9. Своето деби во првиот тим на Партизан го имал на 21 февруари 2016, во првенствениот натпревар против ОФК Белград. Тој се појавил во игра во 70-тата минута на местото на Исмаел Фофана, и така со 16 години и 24 дена станал најмладиот дебитант во историјата на клубот. Во следното коло, Влаховиќ добил шанса да заигра и во вечното дерби, влегувајќи од клупата во 53-тата минута на местото на Валери Божинов па така станал најмладиот дебитант во натпреварите од вечното дерби, престигнувајќи го рекордот кој претходно го држел Лука Јовиќ. Својот прв гол во дресот на Партизан го постигнал на 2 априла 2016, во првенствената победа на домашен терен над Радник Сурдулица со што станал најмладиот стрелец на гол во историјата на клубот (со 16 години, два месеци и пет дена). Исто така постигнал гол и во полуфиналето на Купот на Србија, на гостувањето против Спартак Суботица кога Партизан победил со 0-3. Во финалето на купот против Јавор Ивањица, во кое Партизан победил со 2-0, Влаховиќ повторно бил стрелец и го освоил својот прв трофеј во кариерата.

Дебито во европските натпреварувања, Влаховиќ го имал на 21 јули 2016, во реванш натпреварот од 2. коло на квалификациите за Лигата на Европа против Заглебје во Полска. Партизан бил елиминиран по изведување на пенали, па во остатокот од сезоната Влаховиќ играл само во домашните натпреварувања. Во второто коло од српското првенство, во натпреварот против Напредак на гости, Влаховиќ за првпат заиграл за Партизан као стартер. Вкупно во сезоната 2016-2017 одиграл девет натпревари (без постигнат гол), помагајќи им на црно-белите да ја освојат двојната круна.

Фјорентина Во јуни 2017 година, италијанската Фјорентина официјално објавила дека го купила Влаховиќ од Партизан. Сепак, клубот од Фиренца навел во соопштението дека Влаховиќ нема да се приклучи веднаш во клубот, туку после 28 јануари 2018 кога ќе наполни 18 години. Официјалната промоција во Фјорентина, Влаховиќ ја имал на 22 февруари 2018 година, а право на настап за клубот од 1 јули 2018.

Во летото 2018, Влаховиќ и официјално и се приклучил на Фјорентина. Своето деби за виола го имал на 25 септември 2018, во 6. коло од Серија А, кога влегол во игра од клупата за резерви на местото на Марко Бенаси во 84-тата минута од натпреварот во кој неговиот тим бил поразен со 2-1 на гостувањето кај Интер. Така тој станал првиот играч роден во 2000 година или подоцна кој заиграл за Фјорентина во историјата на тосканците. Сезоната 2018-2019 ја завршил со вкупно 10 настапи за Фјорентина (сите во Серија А), а во текот на сезоната покрај за првиот тим играл и за примавера тимот на Фјорентина каде имал неколку блескави настапи.

На почетокот на сезоната 2019-2020, Влаховиќ ги постигнал својте први голови (два) во дресот на Фјорентина на 18 август 2019 во победата со 3-1 над Монца во Купот на Италија. Тој влегол во игра во 74-тата минута при водство на Монца од 1-0 и со два гола во 80-тата и 86-тата минута и асистенција за третиот кој го постигнал Федерико Кјеза го свртел резултатот и и овозможил на Фјорентина да мине во следната рунда. Својте први голови во Серија А ги постигнал на 10 ноември 2019 во поразот со 5-2 на гостувањето кај . На 15 декември 2019, Влаховиќ повторно бил стрелец влегувајќи од клупата, постигнувајќи го изедначувачкиот гол за Фјорентина по една соло акција во 92-рата минута од натпреварот против Интер на Артемио Франки што завршил 1-1. Сезоната ја завршил со 6 гола во 30 настапи во првенството.

Во сезоната 2020-2021, Влаховиќ го зел дресот со број девет, и нашол се повеќе простор играјќи како стартер, особено по доаѓањето на Чезаре Прандели на кормилото на клубот од Фиренца. На 22 декември 2020, тој го постигнал првиот гол по само три минути игра придонесувајќи за убедливиот успех во Торино против (0-3), што значело прва победа на „виолетовите“ во домот на нивниот голем ривал после 12 години од последниот ваков успех. На 13 март 2021, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата (станувајќи петти српски играч кој успеал тоа да го направи во Серија А), во првенствениот натпревар против (1-4). Како сезоната се ближела кон самиот крај така растела формата на Влаховиќ; на 11 април напаѓачот постигнал два гола во поразот на неговата екипа на домашен терен од (2-3), а на 25 истиот месец повторно бил стрелец против Јувентус реализирајќи пенал со паненка. Во мај, последниот месец од сезоната, Влаховиќ постигнал два гола во ремито 3-3 на гостувањето кај и уште два гола во победата со 2-0 на домашен терен против . Сепак и покрај одличната сезона на србинот кој постигнал 21 гол во првенството, Фјорентина имала уште една во низа разочарувачки сезони завршувајќи на 13-тото место. По завршувањето на првенството, Влаховиќ ја добил наградата за Најдобар млад фудбалер во Серија А.

Неговата добра форма продолжила и во сезоната 2021-2022, постигнувајќи гол во натпреварот од првото коло на Купот на Италија против Козенца (4-0). Својот прв гол во првенството го постигнал на 28 август 2021 против . На 12 септември, тој постигнал два гола од пенал за Фјорентина во гостинската победа над (1-2), додека, на 30 октомври, тој го постигнал својот втор хет-трик во италијанската најсилна дивизија против (3-0). На 20 ноември, тој постигнал два гола во победата со 4-3 на домашен терен над лидерот на табелата нанесувајќи им го првиот пораз во првенството. Под водството на новиот тренер Винченцо Италијано, Влаховиќ играл подобра сезона од претходната постигнувајќи 20 голови само во првиот дел од сеозната во 24 настапи во првенството и купот, што довело до огромен интерес за него од неколку големи европски клубови меѓу кои најзаинтересирани биле и .

Јувентус На 28 јануари 2022, на својот 22-ри роденден, Влаховиќ потпишал за за 70 милиони евра (плус 10 милиони евра во бонуси), откако го одбрал клубот од Торино пред Арсенал, кои исто така доставиле официјална понуда до Фјорентина и играчот. На 6 февруари, тој постигнал гол на своето деби во црно-белиот дрес, отворајќи го резултатот во првенствениот натпревар на домашен терен против Верона добиен со 2-0; четири дена подоцна, во првиот натпревар од Купот на Италија во дресот на Јувентус, во самата завршница по неговиот удар топката го погодила Руан Тресолди и завршила во мрежата, автогол кој им донел победа на бјанконерите од 2-1 над и пласман во полуфиналето. На 22 февруари, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите, во првиот натпревар од осминафиналето на гостински терен против Виљареал (1-1): откако постигнал гол за 0-1 по само 32 секунди од почетокот на натпреварот, тој станал првиот играч на Јувентус кој постигнал гол на своето деби во нокаут фазата од Лигата на шампионите и втор најбрз, по Алесандро Дел Пјеро (20"), а исто така и втор најбрз стрелец на своето деби во ова натпреварување, заостанувајќи само зад Евгениј Конопљанка (19"). Четири дена подоцна, тој постигнал два гола во победата на гости против (2-3).

Завршувајќи го првенството со вкупно 24 постигнати гола меѓу Фиренца и Торино: со голот за отворање на резултатот во ремито 2-2 на домашен терен против на 16 мај, тој се израмнил со Дејан Станковиќ како српски фудбалер со најмногу голови во историјата на Серија А. Пет дена претходно, постигнал гол во финалето на Купот на Италија против , кое Јувентус го загубиле со 4-2 по продолженија: тој гол, додаден на претходните три во виолетовиот дрес, му овозможил да стане и најдобар стрелец на натпреварувањето за таа сезона.

Почетокот на следната сезона бил под очекувањата за напаѓачот, кој бил ограничен како поради играчката криза на „бјанконерите“, така и поради пубалгија, која значително го ограничува неговото користење.

Бешикташ На 13 август 2026, како слободен играч му се приклучил на турскиот клуб, Бешикташ, потпишувајќи договор до 2029 година.

Репрезентативна кариера Откако ги претставуваше селекциите на Србија под 15, под 16 и под 19 години, на 6 септември 2019 година, тој дебитирал за српската репрезентација под 21 година во поразот со 1-0 на гости против врсниците од Русија.

Своето деби во сениорската репрезентација го имал на 11 октомври 2020 година, на 20-годишна возраст, во поразот со 0-1 од во Белград во УЕФА Лигата на нации. Последователно во истото натпреварување, на 18 ноември, играјќи за прв пат како стартер, тој го постигнал својот прв гол за државната репрезентација, во победата со 5-0 на домашен терен против .

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 15 декември 2019. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2015-2016 СЛ 14 1 КС 4 2 - - - - - - 18 3 2016-2017 СЛ 7 0 КС 1 0 ЛЕ 1 0 - - - 9 0Вкупно Партизан 21 1 5 2 1 0 - - 27 3 2018-2019 А 10 0 КИ 0 0 - - - - - - 10 0 2019-2020 А 30 6 КИ 4 2 - - - - - - 34 8 2020-2021 А 37 21 КИ 3 0 - - - - - - 40 21 2021-јан. 2022 А 21 17 КИ 3 3 - - - - - - 24 20Вкупно Фјорентина 98 44 10 5 - - - - 108 49 јан.-јун. 2022 А 15 7 КИ 4 1 ЛШ 2 1 СИ - - 21 9 2022-2023 А 3 3 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 3 3 2023-2024 А 33 16 КИ 5 2 - - - - - - 38 18 2024-2025 А 29 10 КИ 2 1 ЛШ 9 4 СИ+Скп 1+3 0+2 44 17 2025-2026 А 19 7 КИ 0 0 ЛШ 4 3 - - - 23 10Вкупно Јувентус 123 50 13 4 28 12 4 2 168 68 2026-2027 Бешикташ СЛ - - КТ - - ЛЕ - - - - - - -Вкупно во кариерата 242 95 28 11 29 12 4 2 303 120

Титули Клупски Партизан Суперлига на Србија : 1 2016–2017 Куп на Србија : 2 2015–2016, 2016-2017

Јувентус Куп на Италија : 1 2023-2024

Поединечни Серија А награди: 1 Најдобар млад играч: 2020-2021 Најдобар стрелец во Купот на Италија: 1 2021-2022 (4 гола)

Наводи

Надворешни врски

Душан Влаховиќ на soccerway Душан Влаховиќ на transfermakt Душан Влаховиќ на whoscored Душан Влаховиќ на espn

Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 2000 година