Горно Родиво (, Ано Корифи; до 1925 г. Κάτω Ράδοβος, Като Радовос или Κάτω Ράδοβος, Като РадовоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Ράδοβος -- Άνω Κορυφή) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до неговото распаѓање во 1947 г. било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото било сместено во западниот дел на котлината Меглен, на 18 км југозападно пд С’ботско, во источното подножје на планината Мала Ниџе (Кајмакчалан).

Историја Во Отоманското Царство Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Горно Родиво живееле 200 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 150. Населението било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Радово (Gorno Radovo) имало 184 Македонци под егзархијата, а работело и бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191. Во 1906 г. во Горно Родиво е отворено бугарско училиште.Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 37 македонски куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 161 жител, кои во 1920 г. се накачиле на 190. Во 1922 г. е преименувано во Ано Корифи, што значи „горен врв“.Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Ράδοβος -- Άνω Κορυφή

Во 1940 г. Горно Родиво имало 326 жители. Селото се распаднало во зимата 1947 г. за време на Граѓанската војна. Највеќето жители се иселиле во Р Македонија и селото повеќе не било обновено.

Личности Лазар Димитров (1874 – 1903) — воденски војвода на ВМРО Георги Симеонов — деец на ВМРО, војвода на чета во Воденско за време на Илинденското востание, роден во Горно или Долно РодивоНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 150.

Население

Поврзано Долно Родиво Меглен

Наводи

Категорија:Историски села во Меглен