thumb|150п|right|Хорок удар во меч меѓу колеџите Индијана и Илиноис.

Хорок удар е кошаркарски шут во кој офанзивниот играч се врти нормално во однос на кошот, и ја исфрлува топката на врвот на арка во момент кога раката и топката се високо над главата на играчот. Хорок е тежок шут да се блокира, и најслаба точка на ударот е кога топката се крева над трупот и кон главата. Карим Абдул Џабар, еден од легендите на НБА, го патентира својот удар наречен „небесна јадица“ (англиски: sky hook) благодарејќи на два детали: височината на Џабар од над 218 см и испуштањето на топката единствено на врвот на лакот. Џабар беше екстремно делотворен со неговата небесна јадица, и постигна 38.387 бода преку 20 НБА сезони. Џабаровата „небесна јадица“ била блокиран само 6 пати во 20 години, и одбранбените играчи кои тоа го сториле се високи „џинови“ како и самиот Џабар:

Вилт Чембрлен висок 216 см, Мануте Бол највисокиот НБА играч на сите времиња и воедно и највисокиот државјанин на САД според Гинисовата книга, висок 231 см, Ралф Сампсон, висок 224 см, Марк Итон висок 224 см, Хаким Олајџувон, висок 213 см, Артис Гилмор, висок 218 см.

Денеска, хорокот е непопуларен удар во САД, и почесто е користен во Европа. Во НБА, само Ендрју Бајнум од ЛА Лејкерс, чиј личен тренер е Џабар, вежба и ја користи „небесната јадица“.

Категорија:Кошарка Категорија:Кошаркарска терминологија