Техники на скијачки скокови — техники кои се користат или историски се користеле при изведување на скијачките скокови. Во зависност од поставеноста на скиите од страна на скокачот, прескокнатите далечини забележале значително зголемување во изминатиот век и денес достигнуваат над 200 м.
Техники Конгсбершка техника мини|десно|220п|Скок на Харалд Фефер со примена на Конгсбершката техника во 1959 година Конгсбершката техника () била измислена од страна на Јакоб Тулин Тамс и Зигмунд Руд во Конгсберг, Норвешка. Техниката се појавила по Првата светска војна и се одликува со тоа што предниот дел од телото на скокачот е свиено во висина на колковите, а скиите се паралелни една со друга.Mooallem, Jon (6 March 2018). "Once Prohibited, Women's Ski Jumping Is Set to Take Flight". The New York Times. The New York Times Company. Понекогаш, можен е силен замав со рацете по примерот на птица во лет. Оваа техника придонела кон зголемување на далечината на скијачките скокови од 45 м на над 100 м, а била користена сè додека не била заменета со Виндишовата и Дешеровата техника во 1950-тите.MacArthur, Paul J. (March–April 2011). Skiing Heritage Journal. International Skiing History Association. стр. 20–25.
Виндишова техника мини|десно|220п|Скок на Миро Оман со примена на Виндишовата техника во 1958 година Виндишовата техника, измислена од страна на Ерих Виндиш во 1949 година, претставува изменет облик на Конгсбершката техника. Разликата е во тоа што, рацете на скокачот се поставени наназад во линија на колковите наместо нанапред, што овозможува поаеродинамичен наклон на телото.
Паралелен (Дешеров) стил мини|десно|220п|Скок на Ханс-Георг Ашенбах со примена на паралелниот стил во 1973 година Паралелниот стил,Ito, Shinichiro; Seo, Kazuya; Asai, Takeshi (2008). "An Experimental Study on Ski Jumping Styles (P140)" . The Engineering of Sport 7. познат и како „Дешерова техника“, бил измислен од страна на Андреас Дешер во 1950-тите години како изменет облик на Конгсбершката и Виндишовата техника. Кај овој скокачки стил, предниот дел од телото повеќе не бил значително свиен во висина на колковите, што овозможува порамна и поаеродинамична положба во воздугот. Овој стил прераснал во стандардна техника за скијачко скокање сè до појавата на стилот V. Во 1980-тите, Мати Никенен направил измена во паралелниот стил со странично дијагонално поставување на скиите преку образување на пресек од латиничната буква „V“ заради зголемување на површината на тлото при доскокот.Higdon, Hal (March–April 1991). Snow Country. стр. 48–51.
Стил V мини|десно|220п|Скок на Примож Петерка со примена на стилот V во 1997 година Стилот V, понекогаш нарекуван и „Граф-Боклева техника“,Maryniak, Jerzy; Ładyżyńska-Kozdraś, Edyta; Tomczak, Sfawomir (2009-12-14). Configurations of the Graf-Boklev (V-Style) Ski Jumper Model and Aerodynamic Parameters in a Wind Tunnel. Human Movement. ја претставува најскорешна измена во техниката на скокање и се одликува со вкрстување на скиите во положба со висока аеродинамичност налик на латиничната буква „V“. Стилот прераснал во најприменувана скокачка техника по паралелниост стил кој за последен пат имал примена во раните 1990-тите години.
Техниката била воведена од страна на полскиот ски-скокач Мирослав Граф.Johnson, Wayne (2007). White Heat: The Extreme Skiing Life. Граф ја открил техниката уште како дете во 1969 година, но неговите современици не ја прифатиле сериозно. Сепак, тој бил свесен дека стилот V е доста делотворен затоа што неговите скокови биле значително подолги.
Во раните 1980-ти, Стив Колинс го применил стилот V во изменет облик, познат како „стил делта“, во кој скиите се вкрстени при врвот наместо при нивниот почеток."USASJ Story Project- Dec 31 Bakke". USA Ski Jumping Story Project. 31 December 2012. Архивирано од the original на 4 март 2016. Колинс станал најмлад победник на натпревар во Светскиот куп на 15-годишна возраст, но неговата техника никогаш на била широко прифатена. Во ова време, секоја техника освен паралелниот стил се сметала за несоодветна од страна на судиите на Меѓународната скијачка федерација, any technique aside from the parallel style was considered inappropriate by FIS. Иако техниката овозможувала изведување на скокови подолги за околу 10% од паралелниот стил, судиите им доделувале ниски оценки на скокачите кои ја применувале.
Стилот V бил прифатен од страна на судиите како соодветен во раните 1990-ти по победите и успешните настапи на Јан Боклев и Јиржи Мајец кои настојувале за примена на техниката и покрај ниските оценки за стилот. Кон средината на 1990-тите, стилот станал најчесто применувана техника за скокање од страна на сите ски-скокачи и поради тоа повеќе не била казнувана затоа што се покажала како побезбедна и поефикасна од паралелниот стил.
Стил Н мини|десно|220п|Скок на Леа Лемар со примена на стилот Н во 2017 година Стилот Н се одликува со длабоко раширување на скиите во облик на буквата „Н“,Коментар на германскиот коментатор на ОРФ по скокот на Лусил Мора во првиот круг од натпреварот во Сапоро на 12 јануари 2019 година. со незначителен или целосно без агол во облик на латиничната буква „V“.Tiilikainen, Tomi (24 September 2010). "V-tyylistä kohti H-tyyliä - "Uran kovin muutosten kausi"". Etelä-Suomen Sanomat. Оваа техника е помалку применувана од стилот V и главно се среќава во скоковите на Домен Преуц,"Domen Prevc: Ne razumem medijev". zurnal24.si. 11 декември 2016. Domen Prevc, competition 1, round 1, Pyeongchang, 15 February 2017. Imgur. Леа Лемар,Коментар на германскиот коментатор Тони Оберндорфер од ОРФ по скоковите на Леа Лемар во првиот и вториот круг на натпреварот во Љубно на 11 февруари 2017 година.Lemare, Léa (4 February 2017). "New chance to rock tomorrow" . Pictagram."Lea Lemare of France competes during Ljubno FIS Ski Jumping World Cup.". Getty Images. 10 февруари 2017. и Ника Крижнар."Women's Ski Jumping HS100 - FIS Nordic World Ski Championships". Getty Images. 24 февруари 2017.
Поврзано Скијачки скокови
Наводи
Надворешни врски Историја на олимписките скијачки скокови
Категорија:Скијачки скокови