МРК Куманово — ракометен клуб од Куманово, Македонија. Клубот се натпреварува во македонската супер лига.
Во својата историја, Куманово има освоено една титула во Купот на Македонија, во премиерното издание во 1993 година.
Историја MРК Куманово е првиот освојувач на Купот на Македонија, кога под името Шевро Куманово ја освоил титулата во 1993 година. Во сезоната 1993/94 учествувал во Купот на победниците на куповите, каде што стигнал до осминафиналето, забележувајќи победи над бугарскиот Шоумен и кипарскиот Ларнакос Ларнака, пред да биде поразен од германскиот Бајер Дормаген.
Во сезоната 2011/12, Куманово завршил третопласиран во плеј-оф разигрувањето од Супер лигата со што обезбедил учество во ЕХФ купот за следната сезона. Во првото коло од ЕХФ купот, Куманово забележал двојна победа над бугарскиот клуб Добруџа, но во второто коло го загубил двомечот од рускиот Сунгул Снежинск, и покрај победата од 27-26 на домашен терен.Вардар про помина, Куманово испадна Утрински весник; 21 октомври 2012
На почетокот на сезоната 2014/15, Куманово не ги исполнил роковите за трансформација во акционерско друштво со што испаднал од Супер лигата во Првата лига.Ракометарите на Куманово нема да играат во Супер ЛигаKumanovo News; 4 јуни 2014 По осум сезони во Првата лига, во сезоната 2021/22, Куманово го освоил петтото место во прволигашката конкуренција и успеал повторно да избори учество во Супер лигата, за сезоната 2022/23.Ракометарите на Куманово се пласираа во Супер лига kumanovskimuabeti.mk; 30 мај 2022
Моментален состав Состав за сезоната 2026–27
Голмани 1 Дарио Антевски 12 Григор Трајковски 96 Горан Чавејски Леви крила 4 Иван Димитров Ангел Арсовски 8 Давид Цветковски (к) Десни крила 7 Наум Костов Пивоти 5 Христијан Вујичевски 2 Марко Трајковски 15 Матеј Новаковски
Леви бекови 10 Тино Стојановски 17 Омар Мамдух Средни бекови 6 Филип Мечкароски 3 Владимир Мицевски 94 Хамза Мамдух Ибрахим Десни бекови 30 Кареем Мохамед 27 Бојан Гичев
Стручен штаб Позиција Име Главен тренер Александар Радосављевиќ Помошник тренер Миодраг Јовановски Тренер на голмани Горан Чавејски Физиотерапевт Стефан Стојковски Физиотерапевт Илина Златановска Доктор Драги Караџински
Управа +ПозицијаИмеПретседател Даниел ТрајчевскиДиректор Мишко НиколовскиСпортски Директор Љубиша ДимковскиСекретар Бобан Трајковски-ЖикеПотпарол Бошко ТасиќФотограф Тијана ДодевскаАдминистратор Марија ТомиќОфицијален Преставник Михајло ПауновиќОфицијален Преставник Перица Кузмановски
Трансфери Трансфери за сезоната 2026–27
Приклучување
Напуштање
Успеси Национални Куп на Македонија : Првак (1): 1993
Меѓународни Куп на Победниците на Куповите : Осминафинале (1): 1993/94
Наводи
Надворешни врски РК Куманово на службеното мрежно место на Европската Ракометна Федерација https://www.facebook.com/mrkkumanovo?mibextid=ZbWKwL
Куманово Категорија:Ракомет во Куманово