„Зовриениот град“ (српскохрватски: Узаврели град) — југословенски филм од 1961 година, во режија на Вељко Булајиќ. Автори на сценариото се Булајиќ, Драгослав Илиќ, Раденко Остојиќ и Бруно Барати. Улогите ги играат: Велимир Бата Живојиновиќ, Драгомир Фелба, Илија Џувалековски, Јанез Врховец, Милош Кандиќ, Милена Дравиќ итн. Филмот бил премиерно прикажан на Пулскиот филмски фестивал при што ја поделил Златната арена за најдобар филм, а ја освоил наградата за најдобро сценарио.Uzavreli grad, jugoslavenski film (пристапено на 18.5.2024)
Синопсис Филмот ги прикажува драматичните економски и социјални промене во Југославија по Втората светска војна. Дејствието е сместено во Зеница, во 1950-тите, во времето на изградбата на челичарниците, кога дошло до брза трансформација на ова провинциско место во голем и модерен град. Во тој период, во Зеница дошле бројни селани со нивните семејства, инженери, техничари, криминалци и проститутки. Имајќи осет за желбите и стремежите на овие луѓе, Шиба се обидува да им помогне, работејќи со ентузијазам и љубов кои ја надминуваат неговата должност. Меѓутоа, тешко е да се задоволат сите барања при што, настојувајќи да постигне повеќе, Шиба прави грешки. Со голем напор, градителите успеваат да ја совладаат стихијата по пукањето на браната и додека првото железо тече од новите печки, Шиба, сменет поради направените грешки, ја напушта зовриената Зеница.Узаврели град - филм (пристапено на 22.12.2019)
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на Авала филм Категорија:Филмови од 1961 година Категорија:Филмови на Вељко Булајиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Драгомир Фелба Категорија:Филмови со Илија Џувалековски Категорија:Филмови со Милош Кандиќ Категорија:Филмови со Јанез Врховец Категорија:Филмови со Милена Дравиќ Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Босна