Благој Веселинов (, ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Животопис Благој Веселинов е роден на 27 февруари 1984 година во Кочани. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин. Вработен е во Македонскиот народен театар од 2018 година.„Благој Веселинов “. Македонски народен театар.
Фестивали Со претставата „Разговори во четири очи“ учествувал на фестивали во Санкт Петербург (2016), Чељабинск (2016), Кошице (2017) и Суботица (2017).
Театрографија Методија — „Црнила“ од Коле Чашуле, р. Дејан Пројковски, НТС, 2004; Дедал/Елнот — „Метармофози“ од Овидиј, р. Александар Поповски, Уметнички универзитет - Грац/ФДУ - Скопје, 2007; Ден — „Поблиску“ од Патрик Марбер, р. Јован Ристовски, НТС, 2008; Грофот — „Вртелешка“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, ОПН Театар, 2009; Џери — „Неверство“ од Харолд Пинтер, р. Нина Николиќ, ЦК - Скопје, 2009; Калуѓерот — „Дон Жуан“ од Жан Батист Молиер, р. Александар Поповски, Кино ОКО - Скопје, 2010; Џуџето, синот, орелот — „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, р. Нела Витошевиќ, Вондерленд продакшн - Скопје, 2010; Ајрон — „Класен непријател“ од Најџел Вилијамс, р. Васил Христов, Вондерленд продакшн - Скопје, 2011; Габриел — „Кој пукаше на 21-ви“ од Керил Черчил, р. Нина Николиќ, МКЦ, 2014; Григориј Пугачов — „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман, р. Александар Морфов, МНТ, 2015; Вториот патник — „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015; Хенрих — „Разговор во четири очи“ од Ингмар Бергман, р. Нина Николиќ, МНТ и Скопје филм студио, 2016; Креонт — „Антигона и Креонт“ од Миро Гавран, р. Нела Витошевиќ, Кино култура, 2016; Томас Новачек — „Венера во крзно“ од Дејвид Ајвс, р. Ивана Ангеловска, Кино култура, 2018; Јевгениј Алексеевич Дорн — „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, р. Нина Николиќ, МНТ, 2018; Макдаф — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019; Сид — „Бесачи“ од Мартин Мекдона, р. Јавор Грдев, МНТ, 2019.
Филмографија Димитрија — „Сеќавањата на Марија“, р. Кирил Шентевски, ФДУ - Скопје, краткометражен филм, 2009; Просјакот — „Серија од Мајки“, р. Илија Каров, К-15, 2009; Хулиган — „Сенки“, р. Милчо Манчевски, Трајангл продакшн, 2009; Убиецот — „Бунило“, р. Даријан Пејовски, Вардар филм, 2009; Вук — „Како да ме нема“, р. Хуанита Вилсон, Вардар филм, 2009; Марко — „Панкот не е мртов“, р. Владимир Блажевски, Вардар филм, 2011; Дамјан — „Балканот не е мртов“, р. Александар Поповски, Кино ОКО, 2011; Коста — „Ослободување на Скопје“, р. Раде Шербеџија, Кино ОКО, 2016; „Чевли“, р. Бранко Костески, Кино ОКО, 2016; Веле — „Исцелител“, р. Ѓорче Ставрески, Кино ОКО, 2017; Директор на ТВ — "Година на мајмунот", р. Владимир Блажевски, 2018; Филип — „Дедо и внук“, р. Илија Пиперкоски, 2019; „Сите против сите“, р. Андреј Косак, 2019; Млад војник — "М", р. Вардан Тозија, 2023; Инспектор — "Утре наутро", р. Јани Бојаџи, 2025.
Телевизиски серии Зоран — "Фамилијата Марковски", р. Даријан Пејовски, 2019; Великиот — "Преспав", р. Вардан Тозија, 2020; Инспектор - "Утре наутро", р. Јани Бојаџи, 2026.
Проекти Учество во кампањата за борба против дрогата - проект на Владата на Република Македонија, Quasar Film.
Награди Награда за најдобар глумец на Драмски аматерски фестивал - Кочани, 2004; Награда за глумечко откритие за 2017 година на „Златна бубамара на популарноста“; Специјална награда на Green Montenegro International Film Festival во Црна Гора за улогата во филмот „Исцелител“, 2019; Награда на Берлинале „Shooting Stars“, која ја доделува платформата Европска филмска промоција, за улогата во филмот „Исцелитет“, 2019.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар