Велгошки манастир „Св. Илија“ — манастир во југозападна Македонија, во близина на селото Велгошти.

Местоположба

Манастирот се наоѓа над селото Велгошти. До неговите порти води асфалтиран пат.

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, спомен-куќа, спомен-чешма, помошни објекти и трпезарија.

Црква „Св. Илија“

Црквата била подигната во 1937 година и истата била значително обновена во 1970 година. За истата се верува дека е подигната на темели на постара градба.

Други објекти

Мештаните имаат подигната спомен-куќа и спомен-чешма во рамки на манастирот.

Овие два објекти биле подигнати во чест на бурните моменти случени во близината на манастирот над селото Велгошти во текот на 1940-тите години. Тогаш имало судири помеѓу мештаните и жители од Охрид со српската жандармерија и со бугарската фашистичка војска.

Собири

Секоја година, манастирот организира општонароден собир на празникот Ѓурѓовден и на празникот Илинден. На првиот празник доаѓаат мештаните, додека на вториот празник покрај мештаните, на излет доаѓаат многу други гости.

Галерија

Наводи

Категорија:Велгошти Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Дебарско-кичевската епархија