Бранач – во ракометот е играч специјализиран за одбрана. Додека повеќето играчи се развиваат како напаѓачи и браначи, некои играчи се специјализираат за одбранбени задачи, а немаат никакви или многу минорни офанзивни задачи. мини|На шемава е прикажана „одбрана 6-0“, браначот ја зазема позицијата D4 или D5.
Долго време потценет, браначот се појавил доста подоцна во натпреварувачките екипи. Работник во сенка, браначот е суштински забец во запченикот на екипата и неговата улога не е само да прави прекршоци врз противничките напаѓачи, туку како што објаснува Дидје Динар, најдобриот бранач на сите времиња: „Најголемо задоволство на браначот не е физички да го скрши противникот, туку во неговите очи да прочита откажување, да прочита дека ментално ја изгубил играта затоа што сите патишта се блокирани“.
Познати браначи Ацо Јоновски Велко Марковски Дидје Динар
Познати браначки Стефанија Мишевска Нина Канто
Поврзано Голман (ракомет) Крило (ракомет) Пикер (ракомет) Бек (ракомет) Разигрувач (ракомет) Тренер (ракомет) Судија (ракомет)
Наводи
Категорија:Позиции во ракометот