Југославија била административно поделена за време на кралството на покраини, области и бановини, а за време нафедерацијата на републики. Пониски управно-територијални единици биле окрузи (жупании), срезови (котари) и општини.

1918-1922

мини|250px|Покраини на Краството на Србите, Хрватите и Словенците по утврдувањето на надворешните граници во 1920 година До април 1922 година, во кралството постоеле 7 привремени покраини:

Србија Северна Србија Јужна Србија Црна Гора Босна и Херцеговина Далмација Хрватска и Славонија (Хрватска, Славонија, Меѓимурје, островот Крк со општината Кастав) Словенија (Словенија со Прекмурје) Банат, Бачка и Барања

1922-1929

мини|250px|33 области на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците од 1922 година Видовденскиот устава од 1921 година го воспоставил Кралството СХС како унитарна држава, и, од 26 април 1922 година, со 33 нови административни области се управувало од градот околу кој биле основани.. Нова поделба немала врска со претходната. Територијата била поделена на области:

Врбаска Област Белградска Област Битолска Област Бихаќска Област Ваљевска Област Врањска Област Сремска Област Дубровничка Област Загрепска Област Тимочка Област Приморско-крајишка Област | Шумадиска област Крушевачка Област Љубљанска Област Мариборска Област Мостарска Област Нишка Област Бачка Област Осиечка област Пожаревачка Област Косовска Област Сараевска Област | Скопска Област Подунавска Област Сплитска Област Травничка Област Тузланска Област Моравска Област Ужичка Област Зетска Област Рашка Област Подринска Област Брегалничка Област

1929-1941

мини|250px|Бановините на Кралството Југославија, од 1929 година Од 1929 година, по прогласувањето на Кралството Југославије, административно се дели на бановини:

Дравска Бановина, седиште Љубљана (1929—1941) Бановина Хрватска, седиште Загреб (1939—1941) Савска Бановина, седиште Загреб (1929—1939) Приморска Бановина, седиште Сплит (1929—1939) Врбаска Бановина, седиште Бања Лука (1929—1941) Дринска Бановина, седиште Сарајево (1929—1941) Зетска Бановина, седиште Цетиње (1929—1941) Дунавска Бановина, седиште Нови Сад (1929—1941) Моравска Бановина, седиште Ниш (1929—1941) Вардарска Бановина, седиште Скопје (1929—1941) Град Белград, со Земун и Панчево формирале засебна административна единица.

Бановина Хрватска настанала во 1939 година со спојување на Приморска и Савска Бановина, со поедини делови пд Врбаската, Дринската, Зетската и Дунавската Бановина.

1941–1944 мини|десно|Окупација и поделба на Југославија во Втората светска војна од силите на Оската Во Втората светска војна, Кралството Југославија било окупирано и поделено меѓу силите на оската. Биле формирани 3 марионетски држави: Независна Држава Хрватска Италијански протекторат на Црна Горан (подоцна германско окупирана територија Црна Гора) Воена управа на Србија (вклучувајќи го независниот германско управуваниот Банат)

Другите делови на Кралството Југославија биле окупирани од германски, италијански, унгарски, бугарски и албански трупи на Оската.

1945-1992 Социјалистички републики и автономни покраини СФРЈ била поделена на шест социјалистички републики и на две социјалистички автономни покраини кои биле дел од СР Србија. Главен град бил Белград. СФРЈ ја сочинувале следните републики и покраини:

Име Главен град Знаме Грб КартаСоцијалистичка Република Босна и ХерцеговинаСараево70px|border40px Социјалистичка Република МакедонијаСкопје70px|border40pxСоцијалистичка Република СловенијаЉубљана70px|border40pxСоцијалистичка Република Србија

Белград Нови Сад Приштина70px|border40pxСоцијалистичка Република ХрватскаЗагреб70px|border<center>40px<center>Социјалистичка Република Црна ГораТитоград70px|border40px

Територијална организација на републиките Иако уставот на ФНРЈ од 1946 година изречно предвидувал окрузи, нивното постоење било доведено во прашање веќе со првиот Општ закон за народни одбори од 21 мај 1946 година, со тоа што членот 9 на тој закон утврдувал дека помалите републики не морале да имаат окрузи. Потоа сите четири републики кои имале окрузи одлучиле да ги укината со свои закони во текот на 1947 година. Но штом биле укинати окрузите, се осетил нивниот недостаток. Затоа Президиумот на Народното собрание не ФНРЈ на 24 март 1949 година пропишал основање на области во сите републики освен во Црна Гора, како и тоа дека автономните единици Војводина и Косови и Метохија нема да се делат на области. Меѓутоа, и областите биле со краток век, бидејќи биле укинати веќе во 1951 година.Проф. др Богољуб Милосављевић: ДВА ВЕКА ЛОКАЛНЕ САМОУПРАВЕ У СРБИЈИ: РАЗВОЈ ЗАКОНОДАВСТВА 1804–2014 , Београд, 2015

Пред 1955 година постоел дури 338 срезови (вклучени и градови), по што со републички прописи нивниот број бил смален на 107 срезови. Бројот и понатаму им се смалувал, па така на крајот на 1958 година имало 91 срез. На 1 јануари 1960 година имало 75 среза. Во 1957 година во НР Црна Гора биле укинати сите срезови (котари), а потоа, на 31 декември 1959 година, и во Автономната Косовско-метохиска Област. Во Автономната Покраина Војводина во исто време биле задржани само шест среза (котари). Остатокот срезови постепено престанал да постои од 1963 до 1967 година.

Во Македонија, Словенија и Војводина - 1965. Во Босна и Херцеговина - 1966. во Хрватска и Србија - 1967.

Срезовите набрзо, во 1974 година, биле заменети со заедници на општини односно меѓуопштински регионални заедници.

Наводи

Литература

Надворешни врски Narodni odbor oblasti Dalmacije Narodni odbor oblasti Osijek

Категорија:Административна поделба на Кралство Југославија Категорија:Административна поделба на СФРЈ