Серски Санџак (отомански турски: Sancak-i/Liva-i Siroz) — санџак на Солунскиот вилает се седиште во градот Сер, Егејска Македонија, иако половина од него бил во Пиринска Македонија.
Сер потпаднал под власта на Османлиите ма 19 септември 1383 г. и првично бил вакуф на Евренос-бег, кој довел јуручки доселеници од Сарухан, денес во Ерменија. Иако никогаш не бил меѓу најзначајните во царството, во 1413-14 г. во Сер е отворена монетковница. Во XVIII и почетокот на XIX век, Сер станал автономен беглик под управа на низа деребегови во состав на Солунскиот Санџак.
Кон 1846 г. Сер станал своја управна единица со танзиматски реформи како санџак на Солунскиот Пашалак (подоцна Солунски Вилает) на територијата на Егејска и Пиринска Македонија, опфаќајќи ги градовите Драма, Валовишта, Неврокоп, Мелник и Лиса со нивните села. Набргу Драма се одвоила со свој Драмски Санџак.
Во 1912 г. (последната година од своето постоење), Серскиот Санџак ги опфаќал следниве кази: Серска, Зихненска, Мелничка, Разлошка, Петричка, Валовишка (Тимурхисарска), Горноџумајска и Неврокопска.
Санџакот престанал да постои во 1912 г. со бугарската окупација на подрачјето за време на Првата балканска војна. Со Букурешки договор по Втората балканска војна во 1913 г. градот Сер и јужната половина од санџакот ѝ припаднале на Грција, а северната половина (и цела Пиринска Македонија) влегла во состав на Бугарија.
Поврзано Драмски Санџак Серски револуционерен округ Историја на административната поделба на Македонија
Наводи
Категорија:Санџаци на Отоманското Царство во Европа Категорија:Отоманска Македонија Категорија:Историја на Сер Категорија:Македонија во XIX век Категорија:Историја на Пиринска Македонија Категорија:Солунски вилает Категорија:Држави и територии настанати во 1846 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1912 година