мини|Горички Санџак Горички Санџак () — санџак на Отоманското Царство со седиште во градот Горица (Корча) во Албанија. Основан е во XV век со османлиското освојување на подрачјето, а престанал да постои во Балканските војни (1912–13). Од 1874 до 1912 г. бил еден од санџаците на Битолскиот Вилает. Ја опфаќал територијата на југоисточна Албанија и северозападна Егејска Македонија, денес во Грција. Македонците живееле на целата нејзина територија, а особено мнозинство биле во Горичката и Костурската Каза.

Кази Санџакот бил сочинет од следниве кази: Горичка Поградечка (Истарова) Ерсечка (Колоњска) Костурска

Население

Според рускиот конзул во Битола, А. Ростковски, заклучно со 1897 г. санџакот броел вкупно 175.702 жители, од кои 113.303 Албанци (81.262 муслимани и 32.035 христијани — во обете групи вклучувајќи албанизирани Македонци), 38.235 Македонци (30.008 патријаршисти и 8.227 под врховенството на Бугарската егзархија). Имало 9.549 Грци христијани и 294 Грци муслимани, главно во градот Костур. Власите броеле 9.377 лица (3.297 во Горичко и 6.080 во Костурско).

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:Отоманска Албанија Категорија:Отоманска Македонија Категорија:Историја на Егејска Македонија Категорија:Санџаци на Отоманското Царство во Европа Категорија:Појавено во XV век Категорија:Држави и територии распаднати во 1878 го