Слободан Селениќ (српски: Слободан Селенић; 17 јуни 1933, Пакрац — 27 октомври 1995, Белград) — српски писател и книжевен критичар.

Животопис Селениќ е роден во Пакрац на 7 јуни 1933 година. Работел како професор на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што предавал драматургија на 20-от век. Исто така, бил дописен член на САНУ. Селениќ починал во Београд на 27 октомври 1995 година.http://www.sanu.ac.rs/Clanstvo/IstClan.aspx?arg=1255 „O autoru“, во: Slobodan Selenić, Očevi i oci (deseto izdanje). Laguna, Beograd, 2023, стр. 359.

Творештво Селениќ пишувал романи, драми и театарска критика.

Библиографија Селениќ е автор на следниве дела:„O autoru“, во: Slobodan Selenić, Očevi i oci (deseto izdanje). Laguna, Beograd, 2023, стр. 359-360. Авангардната драма (антологија, 1964) Ангажманот во драмската форма (драмска теорија, 1965 и 2003) Мемоари на Перо Сакатиот (роман, 1968) Драмските правци во 20 век (драмска теорија, 1971 и 2002) Антологија на современата српска драма (антологија, 1977) Пријатели (роман, 1980) Писмо / глава (роман, 1982) Татковци и предци (1985) Тимор мортис (роман, 1989) Убиство со предумисла (роман, 1993) Исчекор во стварноста (политички разговори и есеи, 1995 и 2003) Малајско лудило (роман, 2003) Драмско време (театарска критика, приредил Феликс Пашиќ, 2005)

Покрај тоа, тој е автор на три драми: Косанчиќев венац 7 (прва изведба: март 1982 во Атеље 212) Жигосување на народот во два дела (прва изведба: декември 1987 во Југословенско драмско позориште) Кнез Павле (прва изведба: мај 1991 во Југословенско драмско позориште)

Според неговиот истоимен роман, снимен е филмот „Убиство со предумисла“ во 1995 година, а следната година е филмуван и неговиот роман „Татковци и предци“ под ист наслов.

Награди За своите дела Селениќ е добитник на повеќе награди, како: Октомвриска награда на Белград, 1969 година (за „Мемоарите на Перо Сакатиот“) НИН-ова награда, 1980 година (за „Пријатели“) Награда на Народната библиотека на Србија за најчитана книга, 1981 година (за „Пријатели“) Стериина награда за најдобар драмски текст, 1988 година (за „Жигосување на народот во два дела“) Награда „Меша Селимовиќ“, 1989 година (за „Тимор мортис“) Награда на Народната библиотека на Србија за најчитана книга, 1994 и 1995 година (за „Убиство со предумисла“) Посмртна награда за сценарио, 1996 година (за филмот „Убиство со предумисла“)

Наводи

Категорија:Српски писатели Категорија:Српски критичари Категорија:Добитници на НИН-овата награда Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)