Филип Џејмс Едвин Пиблс () — канадско-американски астрофизичар, астроном и теориски космолог, кој моментално е пензиониран Алберт Ајнштајн професор по науки при Принстон. На далеку е познат како еден од светските водечки теориски космолози во периодот по 1970 година, со значајни теориски придонеси за исконската нуклеосинтеза, темната материја, позадинското микробраново зрачење и создавањето на структури.
Пиблс е добитник на половина од Нобеловата награда за физика во 2019 година, за неговите теориски откритија во физичката космологија. Тој ја поделил наградата со Мишел Мајор и Дидје Кело за нивното откритие на вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето. При доделувањето на наградата, Пиблс забележал дека не го прифаќа поимот „Голема експлозија“, бидејќи „се однесува на настан и местоположба, а всушност тие се погрешни.“ Иако поголемиот дел од неговата работа се однесува на развојот на универзумот од неговите први секунди, тој е многу скептичен за тоа дали можеме да го осознаеме самиот почеток, и изјавил, „За голема несреќа некој мисли за почетокот, додека пак сè уште ние немаме добра теорија за такво нешто како почетокот."
Пиблс себеси се опишува како убедлив агностик.
Младост Пиблс е роден на 25 април 1935 година во Сен Бонифас, денешен Винипег, Манитоба, Канада, како син на Ада Марион (Грин), домаќинка, и Ендру Чарлс Пиблс, кој бил вработен во Винипешката житна берза. Тој дипломирал на Манитобскиот универзитет. Ја напуштил Манитоба есента 1958 година за да го продолжи своето школување на Принстон, каде и го стекнал својот докторат во 1962 година под менторство на физичарот Роберт Дике. Тој продолжил да работи на Оринстон во текот на својата кариера. Пиблс бил член на Школата за природни науки при Институтот за природни студии во текот 1977–78, тој направил дополнителни посети во текот на 1990–91 и 1998–99.
Академска кариера Поголемиот дел од Пиблосовата работа од 1964 година па натака е поврзана со полето на физичката космологија за да се определи потеклото на универзумот. Во 1964 година, постоел мал интерес за полето и се сметало дека претставува „слеп крај“ но Пиблс бил посветен на неговото изучување. Пиблс дал големи придонеси за моделот на Големата експлозија. Со Дике и останатите (скоро две децении по Џорџ Гамов, Ралф Алфер и Роберт Херман), Пиблс го предвидел позадинското микробраново зрачење. Исто така има и значајни придонеси и за исконската нуклеосинтеза, темната материја и темната енергија, тој е водечки пионер за теоријата на космичко создавање на структури во 1970-ите. Долго пред да се смета за сериозна, квантитативна гранка на физиката, Пиблс ја изучувал физичката космологија и направил многу за нејзиното воспоставување. Пиблс има изјавено, „Не станува збор за единствен чекор, некои критични откритија кој одеднаш ја направија космологијата значајна, но полето самата наука низ бројни експериментални набљудувања. Јасно е дека е едно од најважните откритија во текот на мојата кариера е откривањето на позадинското микробраново зрачење (ПМЗ), зрачење кое веднаш го привлече вниманието [...] истовремено експерименталистите заинтересирани за мерење на својствата на ова зрачење и теоретичарите, кои се придружија за анализирање на последиците“. Неговиот говор за Шовова награда вели „Тој ги постави темелите за скоро сите современи истражувања во космологијата, како теориски така и набљудувачки, трансформирајќи високо шпекулативно поле во прецизна наука.“
Пиблс има долго досие на иновации и основни идеи, кои подоцна биле изучувани од други научници. На пример, во 1987 година, тој го предложи исконкиот изозакривен барионски модел за развојот на раниот универзум.Hu (June 28, 1994) Слично, Пиблс дал придонес и во воспоставувањето на проблемот на темната материја во почетокот на 1970-ите. Пиблс е познат и по Острикер–Пибелсовата релација, за стабилноста на создавањето на галаксиите.
Peebles' body of workПиблсовата работа била препозната кога р=тој ја добива Нобеловата награда за физика во 2019 година за „откритијата во теориската физичка космологија“, Пиблс поделил половина од наградата со Мишел Мајор и Дидје Кело кои биле првите кои откриле вонсончева планета околу ѕвезда од главната низа.
Почести Награди
Едингтонов медал (1981) Хајнеманова награда (1982) Член на Кралското друштво (1982) Хенри Норис Раселова титула (1993) Брусов медал (1995) Медал „Оскар Клајн“ (1997) Златен медал на Кралското астрономско друштво (1998) Груберова награда за космологија (2000), with Allan Sandage Харвиева награда (2001) Шовова награда (2004) Крафордова награда со Џејмс Ган и Мартин Рис (2005) Хичкокова титула (2006) Дираков медал (2013) Член на Редот на Манитоба (2017) Нобелова награда за физика (2019)
Именувани во негова чест Астероидот 18242 Пиблс
Наводи
Белешки
Библиографија
Надворешни врски
Bruce Medalists Personal Web page at Princeton University (Photos) A Discussion on General Relativity by Students of John Wheeler and Bob Dicke, organized by Jim Peebles Oral History interview transcript with Jim Peebles April 4 and 5, 2002, American Institute of Physics, Niels Bohr Library and Archives
Категорија:Американски астрономи Категорија:Американски астрофизичари Категорија:Американски нобеловци Категорија:Канадски астрофизичари Категорија:Канадски нобеловци Категорија:Космолози Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Апсолвенти на Принстонскиот универзитет Категорија:Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на Американското филозофско друштво