Јан Кацпер Беднарек (, роден на 12 април 1996, во Слупца) — полски фудбалер, играч од одбраната на Порто и на полската репрезентација.
Технички карактеристики Физички многу силен централен дефанзивец, со силен карактер, вешт во борбата за ничија топка и во поставувањето во одбрана пред противничките напаѓачи.
Поради неговите одлики често е споредуван со Милан Шкриниар.Un talento al giorno, Jan Bednarek: il futuro è coi Santi tuttomercatoweb.com
Клупска кариера Лех Познањ thumb|left|220px|Беднарек со Лех Познањ во 2014. Својата кариера Беднарек ја започнал во екипата на Лех Познањ, за која дебитирал во полската Екстракласа во 2013 година на возраст од само 17 години, во победата со 2-0 на домашен терен над Пјаст Гливице. Сезоната 2013-2014 ја завршил со вкупно 2 настапи за првиот тим на Лех, додека следната сезона забележал 4 (2 во првенството и уште 2 во купот).
Во летото 2015 година, Бендарек бил позајмен на Горњик Лечна до крајот на сезоната 2015-2016. Тој забележал 17 настапи во првенството и еден во купот и бил стандарден првотимец во завршницата на сезоната играјќи во средниот ред.
За време на сезоната 2016-2017, Беднарек се вратил во Лех и го постигнал својот прв погодок како професионалец во својот прв натпревар за сезоната во кој Лех ја победил Краковија на домашен терен со 2-1. На 2 мај 2017, Беднарек го започнал натпреварот и ги одиграл сите 120 минути во финалето на Купот на Полска, во кое неговиот тим бил поразен по продолженија од Арка Гдиња со 1-2.
Вкупно во сите натпреварувања за Лех одиграл 40 натпревари и постигнал 1 гол.
Саутхемптон На 1 јули 2017 година, Беднарек потпишал петгодишен договор со англискиот Саутхемптон, во трансфер вреден 5 милиони фунти. Своето деби во Премиер лигата го направил на 14 април 2018 година, против Челси во поразот со 2-3 на домашен терен, и во истиот натпревар го постигнал својот прв гол за Саутхемптон.
Во сезоната 2019-2020, Беднарек станал прв избор на позицијата централен дефанзивец во формацијата на менаџерот Ралф Хазенхутл. Тој ја завршил сезоната со 34 настапи во Премиер лигата, постигнувајќи еден гол во поразот со 2-3 на домашен терен од Вулверхемптон Вондерерс.
Астон Вила и враќање во Саутхемптон На 1 септември 2022 година, Беднарек преминал во на заем до крајот на сезоната. Сепак, незадоволен од малата минутажа во Бирмингем, после само 4 настапи за Астон Вила, Беднарек се вратил во Саутхемптон во јануари 2023 година откако неговата позајмица завршила шест месеци порано од предвиденото.
На 12 април 2025, Беднарек го одиграл својот 250-ти натпревар во дресот на Саутхемтпон, во поразот со 0-3 на домашен терен од Астон Вила.
Порто На 28 јули 2025 година, Беднарек потпишал четиригодишен договор со португалскиот клуб .
Репрезентативна кариера На 4 септември 2017 година, Беднарек го направил своето репрезентативно деби за сениорската репрезентација на Полска во победата со 3-0 победа над Казахстан.
Во мај 2018 година, тој бил избран во прелиминарниот список од 35 играчи на полскиот селектор Адам Навалка за Светското првенство 2018 во Русија. Подоцна тој се нашол и во конечниот список од 23 играчи за турнирот. На 28 јуни 2018, тој го постигнал својот прв гол за Полска, единствениот во натпреварот против Јапонија со кој неговата репрезентација победила со 1–0. Беднарек ги одиграл сите три натпревари за Полска на турнирот, но и покрај победата во натпреварот против јапонците тие биле елиминирани уште во групната фаза.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 23 јануари 2018. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2013-2014 Лех Познањ Е 2 0 КП - - ЛЕ - - - - - 2 0 2014-2015 Е 2 0 КП 2 0 ЛЕ 0 0 - - - 4 0 2015-2016 Горњик Лечна Е 17 0 КП 1 0 - - - - - - 18 0 2016-2017 Лех Познањ Е 27 1 КП 7 0 - - - - - - 34 1Вкупно Лех Познањ 31 1 9 0 0 0 - - 40 1 2017-2018 Саутхемтпон ПЛ 5 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 8 1 2018-2019 ПЛ 25 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 27 0 2019-2020 ПЛ 23 1 ФАКуп+ЛК 0+3 0 - - - - - - 26 1Вкупно Саутхемтпон 53 2 8 0 - - - - 61 2Вкупно кариера 101 3 18 0 0 0 - - 119 3
Репрезентативна статистика
РепрезентацијаГодинаНастГол2017102018111201990Вкупно211
Титули Порто Примеира лига : 1 2025-2026
Наводи
Надворешни врски
Јан Беднарек на soccerway Јан Беднарек на transfermakt Јан Беднарек на whoscored Јан Беднарек на espn Јан Беднарек на goal.com
Категорија:Фудбалери на ФК Лех Познањ Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Полски фудбалери Категорија:Родени во 1996 година