Долна џамија — џамија во селото Црнилиште. Џамијата се наоѓа во средишниот дел од селото, поточно во Долно маало.

Архитектура Градбата на џамијата има четириаголна основа. Покривниот дел од објектот содржи купола поделена во два дела, од кои едниот е повисок и со поголема основа. Џамијата има две минариња со многуаголна основа и со по две шерефиња. Објектот во целост е обоен во бело-зелена боја. Дворот на џамијата е ограден со камено-метална ограда и во него има шадрван.

Галерија

Поврзано Горна џамија Црнилиште Прилепско муфтиство

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Црнилиште Категорија:Џамии во Општина Долнени Категорија:Џамии во Прилепското муфтиство