Свети Илија – главна селска црква во селото Стровија. Сместена е во крајниот западен дел од селото.
Историја Црквата била изградена во XIX век.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида украсена со три слепи ниши на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на Свети Илија. Кон западната страна на храмот е дограден помошен објект. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и дел од селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. На секоја страна од долниот дел има по една монофора, додека на секоја страна од горниот дел има по една бифора.
Галерија
Поврзано Строшки манастир Црква „Св. Недела“ - Стровија Стровија Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Стровија Стровија