Раби Аблак, познат како Раби ел-Аблак — марокански новинар и еден од притворените на „Движењето Хирак Риф“, познат по вмешаноста во повеќе штрајкови со глад во знак на протест поради неговите нехумани услови на притвор и нехуман третман.
Некои од неговите штрајкови со глад траеле повеќе од 40 дена; како резултат, неколкупати бил однесен во болница на лекување. Вкупното времетраење на неговите штрајкови со глад надминале 284 дена.
Кариера
Тој бил дописник за електронскиот весник Бадил, основан од притворениот новинар Хамид ел-Махдауи, во градот ел-Хоџеима, каде учествувал во движењето „Popular Rif “, придружувано од голем број на личности, како што е Насер Зафзафи.
Раби бил уапсен на 28 мај 2017 година, во градот Ал Хоџешема. Според Амнести Интернешнл, тој тврдел дека бил малтретиран откако бил уапсен. Тој бил осуден на пет години затвор. На 6 септември 2019 година, тој започнал нов штрајк со глад .
Наводи
Категорија:Борци за човекови права Категорија:Марокански новинари