Света Недела – главна селска црква во селото Браилово. Сместена е во јужниот дел од селото, поточно во Долно Маало.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Црквата има влез на јужната страна. Од западната страна е доградена припрата до која води влез сместен исто така на јужната страна.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, споменик на НОБ и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна дрвена конструкција со квадратна основа којашто е покриена со лимен кров.

Галерија

Поврзано Браиловски манастир Црква „Св. Илија“ - Браилово Браилово Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Браилово Браилово