Лукас Хамилтон (; р. ) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Хамилтон се квалификувал за Летните олимписки игри 2020 и возел на друмската трка. Трката била одржана во лоши услови, а на нејзе завршил на 71. место.

Рани години

Хамилтон започнал со велосипедизам како дванаесетгодишен со локалниот клуб. Поради добрите резултати добил стипендија од Институтот за спорт на Викторија во 2014 година.

Хамилтон го добил првиот повик во националната репрезентација на 20 години, во 2016 година. Се тркал на Светското друмско првенство под 19 години и потоа го освоил планинскиот пласман на Тур де л’Авенир 2016. Трката се смета како Тур де Франс под 23 години, а на трката завршил второпласиран.

Кариера

Хамилтон потпишал тригодишен договор со во 2017 година. Истата година го освоил океанското друмско првенство под 23 години и завршил на импресивните втори места на Џиро Чиклистико д’Италија 2017, ГП Палио дел Речото и ГП Мармо.

Хамилтон бил прогласен најдобар млад возач на австралискиот еднодневен класик Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“. Се приклучил на во 2018 година и оттогаш продолжил да има напредок во светските пласмани. Ги освоил првата и втората етапа на Хамер Ставанџ, а во 2019 година ги освоил првата и четвртата етапа на Трката околу Чешка.

Во мај 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.

Се вратил во Австралија за Тур Даун Андер 2020, каде завршил на деветтото место. Исто така, завршил втор на националното друмско првенство. Истата година, Лукас ја освоил својата прва победа во Светската турнеја на четвртата етапа на Тирено-Адријатико.

Хамилтон ја започнал својата четврта професионална година потпишувајќи со . Ја предводел екипата на Тур де Франс 2021 во нивната кампања за генералниот пласман.

Достигнувања

2014 1. 20п Океанско јуниорско друмско првенство 1. 20п Национално јуниорско друмско првенство 2016 2. Краен пласман Ан Пост Рас 2017 1. 20п Океанско друмско првенство 1. 20п Краен пласман Тур Алзас 1. 20п Пласман за млад возач 1. 20п Планински пласман 2. Краен пласман Џиро Чиклистико д’Италија 1. Етапа 5b (ITT) 2. Трофео Едил С 2. Џиро дел Белведере 2. ГП Палио дел Речото 3. Краен пласман Тоскана-Тера ди Чиклисмо 3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж за млади 4. Краен пласман Тур де л’Авенир 7. Краен пласман Хералд Сан Тур 2018 7. Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали 2019 1. 20п Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 1b (TTT) 2. Краен пласман Трка околу Чешка 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 4 6. Краен пласман Хералд Сан Тур 2020 1. Етапа 4 Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка 2. Национално друмско првенство 9. Краен пласман Тур Даун Андер 2021 4. Краен пласман Париз-Ница 5. Национално хронометарско првенство 8. Краен пласман Тур де Романди 10. Краен пласман Волта а Каталуња

Распоред на резултатите во генералниот пласман

Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2018 2019 2020 2021 2022 20п Џиро — 25 СО — 13 20п Тур — — — СО — 20п Вуелта — — — 54 78Распоред на резултатите на етапните трки Етапна трка 2018 2019 2020 2021 2022 Париз-Ница — — —4СО Тирено-Адријатико — — 32 — — Волта а Каталуња — —НСО10 — Трка околу Баскија 61 15 — СО Тур де Романди 28 —8 — Критериум ди Дофине 47 — — — — Тур де Свис — —НСО — —

— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020 Категорија:Олимписки велосипедисти