Каршијак или Каршијака (; од - „спротивна страна“ или „спротивен крај“) — историско-географска област во западна Пиринска Македонија. Го опфаќа оној дел од Малешевијата западно од реката Струма, односно по источните падини на Малешевските Планини.

Каршијак се наоѓа во северниот дел на Петричко. Наречен е така по тоа што се наоѓапе „од другата страна на реката“, и тоа во подножјето на Кадиница. Населен е пред неколку стотелија и тоа главно од преселници од Малешево. Тие беа и основачи на најсеверните села во Петричко, односно на Брезница, Мораска (денеска Моравска) и Сливница (во XVI век). Меѓутоа, ова население го прими исламот и по 1912 година се исели во Турција, а на нивно место дојдоа протераните Македонци од Беломорската етничка област.

Во прво време по населувањето, додека населението беше помалубројно, луѓето егзистираа од земјоделство. Но, откако бројот на населението се зголеми, многу луѓе од Каршијак заминуваа како аграти во Мелничко.

Поврзано Каршијак — истоимена историско-географска област во Скопско

Наводи

Категорија:Малешевски Планини Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Историско-географски области во Бугарија Категорија:Пиринска Македонија