Фамотидин е лек кој го намалува создавањето на желудочна киселина. Се користи во третманот на пептичен чир, гастроезофагеална рефлуксна болест, и Золингер-Елисонов синдром. Се зема преку уста или интравенски. Дејството започнува до еден час по земање на лекот.

Спаѓа во групата на хистамински H2 рецепторни антагонисти.

Фамотидинот бил патентиран во 1979 година, а неговата медицинска употреба започнала во 1985 година. Достапен е како генерички лек. Во 2025, е седумнаесетти најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 432.000 рецепти.

Наводи

Категорија:Лекови кои делуваат на гастроинтестиналниот систем и метаболизмот Категорија:Амидини Категорија:Тиоетри