Даница Георгиевска () — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Животопис Даница Георгиевска е родена на 13 април 1967 година. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1989 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 1998 година.„Даница Георгиевска “. Македонски народен театар.
Покрај исполнувањето на театарски и филмски улоги, Георгиевска учествувала во културно-образовни емисии на МРТ, телевизиски реклами, снимање на лектирни изданија за деца со оштетен вид, хуманитарни претстави за деца без родителска грижа, како и документарен филм за поетесата Даница Ручегај од 2017 година. Основач е на поетскиот оддел во домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Скопје.
Театрографија Рипката — „Гуштерица“ од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ, 1986; Јохана Раер — „Баал“ од Бертолт Брехт, р. Владимир Милчин, МНТ, 1987; Валерија Ганчева — „Женски прилог за ноќта“ од Блаже Миневски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1993; Светле — „Буре барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994; Ана Григоријевна — „Мртви души“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1994; „МКС“ од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1995; Света недела — „Лепа Ангелина“ од Блаже Ристески, р. Владимир Милчин, МНТ, 1995; Ивон — „Кројач за дами“ од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, МНТ, 1996; Жената — „Песочна сложувалка“ од Јана Добрева, р. Зоја Бузалковска, МНТ, 1999; Дарја Шатова — „Демони“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 2001; „Црна дупка“ од Горан Стефановски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2003; „Ревизор“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 2006; Болничарката — „Мара/Сад“ од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008; Андромаха — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010; Хор — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013; Елмира — „Тартиф“ од Жан Батист Молиер, р. Галин Стоев, МНТ, 2016.
Филмографија Мајка Тереза, р. Драган Велјановски, ТВ-филм, 2000. Победа — „Мултиплеј“, р. Владимир Плавевски, ТВ-филм, 2007. Мајката — Црни и криви, р. Марко Џамбазоски, ТВ-филм, 2018. Жената — Обичниот Ели, р. Лавинија Софрониевска, ТВ-филм, 2022.
Телевизиски серии „Македонски елегии“, 1993. "Наше маало", 2002.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски глумици Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје