Кинески Ѕид ( Уанли Чангченг, ) — низа на утврдувања кои биле изградени врз историските северни граници на античките кинески држави и Империјална Кина како заштита од разни номадски групи од Евроазиската Степа. Неколку ѕидови биле изградени уште во VII век п.н.е., што подоцна биле споени меѓусебе од Ќин Ше Хуанг (220–206 г.п.н.е.), првиот император на Кина. Слабо е зачуван овој ѕид на Ќин. Подоцна, многу последователни династии изградиле и одржувале повеќе протегачки погранични ѕидови. Најпознатите делови на ѕидот биле изградени од династијата Минг (1368–1644 г.).

Освен одбраната, другите цели на Кинескиот ѕид биле граничните контроли, што им дозволило да наметнат давачки за стоката што се превезувала по Патот на свилата, регулирање или поттикнување на трговијата, и контрола на имиграцијата и иселувањето. Понатаму, одбранбените одлики на ѕидот биле подобрени со изградбата на набљудувачници (караули), касарни за војска, гарнизонски станици, сигнални простори за комуникација преку чад или оган, и простиот факт дека патеката на Кинескиот ѕид служела и како коридор за транспорт.

Пограничните ѕидови изградени од различните династии имаат повеќе текови. Заедно, тие се протегаат од полуостровот Љаодунг на исток до езерото Лоп на запад, од денешната кинеско-руска граница на север до реката Тао (Таохе) на југ; партикуларно по должината на замислен лак што грубо ја исцртува границата на монголската степа. Сеопфатно археолошко истражување, користејќи напредни технологии, заклучило дека ѕидовите изградени од династијата Минг се со должина од 8,650 км. Оваа должина е составена од 6,259 км изграден ѕид, 359 км составени од ровови и 2,232 км од природни одбранбени бариери како ридови и реки. Друго археолошко истражување открило дека сиот ѕид, вклучувајќи ги сите негови гранки е долг 21,196 км. Денес, одбранбениот систем на Кинескиот ѕид е генерално признат како еден од најимпресивните архитектонски подвизи во историјата.

Имиња мини|350п|„Хуаjи ту“, карта на Кина од 1136 г. Кинескиот Ѕид е нацртан на северниот раб. Збирот на утврдувања познат како Кинески ѕид историски има бројни различни имиња и на кинески и на англиски јазик.

Во кинеската исторографија, изразот „Долг(и) Ѕид(ови)“ ( или „Чангченг“) се појавува во „Записите на Големиот историчар“ на Сема Ќен, каде се однесувал на посебните големи ѕидови изградени помеѓу и северно од Завојуваните држави и до поунифицираната конструкција на Првиот Император. Кинескиот знак , што значи град или тврдина, е фонентско-семантичко соединение на коренот (радикалот) „земја“ , и фонетскиот , чиј старокинески изговор е реконструиран како *деŋ. Ова првично се однесувало кон бедемите кои ги опкружувале традиционалните кинески градови и се користело со проширено значење за овие ѕидови околу нивните држави; денес, сепак, наместо ова многу почесто се користи кинескиот збор за „град“.See Lovell 2006, p. 25

Подолгото кинеско име „Десет илјади милји долг ѕид“ ( Уанли Чангченг) потекнува од описот на Сима Киан за ѕидот од „Записите на Г. И.“, иако тој не го именувал ѕидот како таков. Во историските текстови „Книга на Сонг“ од 493 г.п.н.е., се цитира пограничниот генерал Тан Даоџи како го нарекува ѕидот „долгиот ѕид од 10,000 милји“, што е близу до модерното име, иако ова име ретко се среќава во предмодерните времиња. Традиционалната кинеска милја (, „Ли“) често претставувала неправилно растојание кое имало за цел да ја прикаже должината на едно стандардно село и варирала во зависност од теренот, но обично била стандардизирана на растојание од околу една третина од англиската милја (540 м). Со спроведувањето на метрификацијата во Кина во 1930 година, оваа милја станува точно еквивалентна на 500 м, што би го претворило името на ѕидот да опише растојание од 5,000 км. Сепак, оваа употреба на „десет илјади“ (уан) е фигуративна на сличен начин како на грчкиот и англискиот миријад („милијарда“, т.е. број што не може да се изброи, „безброен“ или „неизмерен“).

Поради поврзаноста на ѕидот со наводната тиранија на Првиот Император, кинеските династии по Ќин обично избегнувале да ги нарекуваат нивните сопствени додатоци на ѕидот едноставно именувајќи го „Долг Ѕид“. Наместо тоа, во средновековните записи биле користени разни термини, вклучително и „граница (и)“ (, Саи), „бедем(и)“ (, Јуан), „бариера(и)“ (, Жанг), „надворешните тврдини“ Уаибао), и „граничниот(те) ѕид(ини)“ Биаанќианг). Поетските и неформалните имиња за ѕидот ги вклучувале „Виолетова граница“ Зисаи) и „Земјениот змеј“ Тулонг). Само за време на периодот Ќинг, „Долгиот Ѕид“ станал главниот термин што се однесувал на многуте гранични ѕидови, без оглед на нивната локација или династичко потекло, што е еквивалентно на англискиот термин „Голем Ѕид“.

Сегашното англиско име еволуирало од белешките за „Кинескиот ѕид“ од раните модерни европски патници. До XIX век, „Големиот Кинески Ѕид“ станал стандарден на англиски и француски јазик, иако другите европски јазици како германскиот јазик (вклучително и македонскиот) и натаму го нарекуваат „Кинески Ѕид“.

Историја мини|350п|Големиот Ѕид на Ќин се протега од Линтао до Љаодунг. мини|350п|Големиот Ѕид на Хан е најдолг од сите ѕидови, протегајќи се од Мамиту во близина на Јуменгуан, до Љаодунг. Рани Ѕидови Кинезите веќе биле запознаени со техниките на градење ѕидови до времето на пролетниот и есенскиот период помеѓу VIII и V век п.н.е. Во ова време, и во последователниот период на завојувани држави, државите Ќин, Уеи, Жао, Ќи, Хан, Јан и Џунгшан, изградиле обемни утврдувања за да ги бранат своите граници. Изградени за да ги издржат нападите од мало оружје како мечеви и копја, овие ѕидови биле направени претежно од камен или со нагмечување земја и чакал помеѓу дрвени рамки.

Кралот Женг од Ќин, ги освоил последните негови противници и ја обединил Кина како Прв Император на династијата Ќин („Ќин Ши Хуанг“) во 221 г.п.н.е. Со намера да наметне централизирано владеење и да го спречи издигнувањето на феудалните господари, тој наредил уништувањето на деловите од ѕидовите што ја делеле неговата империја со поранешните држави. За да ја насочи империјата против народот Жангну на северот, тој наредил изградба на нови ѕидови за поврзување на преостанатите утврдувања долж северната граница на империјата. „Изгради и продолжи понатаму“ бил централен водечки принцип при конструирањето на ѕидот, што имплицирало дека Кинезите не подигнувале трајно стационирана граница. Транспортирањето на големо количество материјали потребни за изградба било тешко, затоа градителите секогаш се обидувале да користат локални ресурси. Камењата од планините се користеле над планинските венци, додека разградена земја се користела за изградбата во рамнините. Нема преживеани историски записи кои укажуваат на точната должина и текот на ѕидовите на Ќин. Повеќето антички ѕидови се уништени низ вековите, а само неколку делови остануваат денес. Човечките загуби при изградбата не се познати, но според некои автори е проценето дека стотици илјади, ако не и до еден милион работници загинале градејќи го ѕидот на Ќин. Подоцна, Хан, северните династии и Суеј, ги поправиле, обновиле или прошириле деловите на Кинескиот Ѕид со големи загуби за да се одбранат од северните напаѓачи. Династиите Танг и Сунг не презеле некои значајни напори во регионот. Други династии неповрзани со Хан династијата, исто така, ги изградиле нивните погранични ѕидови: Жианбеи кои владееле со Северен Уеи, Китан кои владееле со Љао, и Џурченската Џин и Тангутска формирана Западна Жиа, која владеела врз огромни територии на Северна Кина низ вековите, сите овие изградиле одбранбени ѕидови, но тие сите се наоѓале на далечниот север од другите ѕидови како што денес ги знаеме, во рамките на кинеската провинција Внатрешна Монголија и во самата Монголија.

Минг ера мини|350п|Обемот на Минг империјата и нејзините ѕидови. мини|350п|Дел од Големиот Кинески Ѕид(април 1853 година, X, стр. 41). мини|350п|Кинескиот Ѕид во 1907 г. Концептот за Кинескиот Ѕид повторно се оживеал во времето на Минг во XIV век, и по поразот на армијата на Минг од страна на Оиратите во Битката кај Туму. Минг не успеал да добие јасна предност над монголските племиња по последователните битки, а долготрајниот конфликт му нанесувал штета на империјата. Минг усвоил нова стратегија за да ги задржи номадските племиња надвор со изградба на ѕидови долж северната граница на Кина. Признавајќи ја монголската контрола воспоставена во Ордоската пустина, ѕидот го следел јужниот раб на пустината наместо да го вклучи свијокот на Жолтата река.

За разлика од претходните утврдувања, конструкцијата на Минг била поцврста и посложена поради употребата на цигли и камен наместо раздградена земја. Се проценува дека се изградени до 25,000 стражарски кули на ѕидот. Бидејќи монголските напади продолжиле периодично со текот на годините, Минг посветиле значителни ресурси за да ги поправат и зајакнат ѕидовите. Особено силни биле делниците во близина на главниот град на Минг, Пекинг. Ќи Џигуанг помеѓу 1567 и 1570 г. исто така го поправил и засилил ѕидот, го поплочил надворешниот ударен дел од ѕидот со цигли и изградил 1,200 караули од превојот Шанхаигуан до Чангпинг за да ги одбие приближувачките монголски напаѓачи. Во текот на 1440 – 1460-те години, Минг изградил и таканаречен „Ѕид на Љаодунг“. Со слична функција на Големиот Кинески Ѕид (и во извесна смисла и негово проширување со овој нов ѕид), но попрост во изградбата, овој ѕид ја затворил срцевината на земјоделските поседи на провинцијата Љаодунг, заштитувајќи ја од потенцијалните упади на Џурчомонголските Оријанганци од северозапад и Џианжу Џурченците од север. Додека во некои делови од Ѕидот на Љаодунг се користеле камења и цигли, поголемите делови од него всушност биле едноставни земјени насипи со ровови од двете страни.

Кон крајот на Минг ерата, Кинескиот Ѕид помогнал во одбраната на империјата од Манчу инвазиите кои започнале околу во 1600 година. Дури и по загубата на сиот Љаодунг, војската на Минг силно го држела утврдениот Шанхајски премин, спречувајќи ги Манчусите да ја освојат кинеската срцевина. Манчусите конечно успеале да го надминат Кинескиот Ѕид во 1644 година, откако Пекинг веќе паднал во рацете на бунтовниците на Ли Зиченг. Пред ова време, Манчусите повеќе пати го преминале Кинескиот Ѕид, извршувајќи рации, но овој пат ова било за освојување. Портите на Шанхајскиот премин биле отворени на 25 мај од страна на командантниот Минг генерал, Ву Сангуи, кој склучил сојуз со Манчусите, во надеж дека ќе ги искористи за да ги протера бунтовниците од Пекинг. Манчусите брзо го зазеле Пекинг и на крајот ги поразиле и династијата Шун основана од бунтовниците и преостанатиот отпор на Минг, воспоставувајќи ја власта на династијата Ќинг над цела Кина.

Под власта на Ќинг, границите на Кина се протегале подалеку од ѕидовите и Монголија била припоена кон империјата, па градбата на Ѕидот била прекината. Од друга страна, таканаречената Врбова палисада, која следела линија слична на онаа на Ѕидот на Минг Љаодунг, била изградена од владетелите на Ќинг во Манџурија. Неговата цел, сепак, не била одбраната, туку спречување на миграцијата на кинеските Хан во Манџурија.Elliott, Mark C. "The Limits of Tartary: Manchuria in Imperial and National Geographies". Journal of Asian Studies 59, no. 3 (2000): 603–646.

Странски сведоштва Ниту еден од Европејците кои ја посетиле Кина или Монголија во XIII и XIV век, како што се Џовани да Пјан дел Карпин, Вилијам од Рубрук, Марко Поло, Одорик од Порденоне и Џовани де' Марињоли, не го споменале Кинескиот Ѕид.