Кресненска Клисура (, Кресненско дефиле или Кресненска клисура) — осма клисура по течението на реката Струма, меѓу Малеш на запад и Пирин на исток. Сместена е на територијата на општините Симитли и Кресна во Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Ги поврзува Симитлиската Котлина на север и Светиврачко-петричката Котлина на југ.

Географски опис Клисурата е од епигенетско потекло и има должина од 18 км, со средна надморската височина од 222 м. На изглед е е тесна, живописна, со стрмни страни, всечена длабоко во гранити и метаморфни карпи, од кои е изграден кресненскиот планински праг меѓу Пирин и Малеш. По всечените свијоци на реката се зачувани фрагменти од високи речни тераси.

Започнува источно од селото Крупник на 279 м.н.в. и се насочува право на југ. Во околината на Кресненското Анче е приближната средина на клисурата, при што тука надморската височина на водостојот е околу 222 м. По него реката Струма прави забележителни свијоци и кај градот Кресна излегува од клисурата на 168 м.н.в. и навлегува во најсеверниот дел на Светиврачко-петричката Котлина.

Туризам Во јужниот дел на клисурата, по двата брега на Струма, е сместен резерватот „Тисата“, каде е единственото збирно наоѓалиште на дива фоја во Бугарија.Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 470. Во климатски поглед, тука минува границата меѓу средоземната и континенталната клима, овозможувајќи огромна разновидност на животински и растителни видови, од кои добар делсе ендемски или реликтни. Много од овие видови се вклучени во Црвената книга на Бугарија и изречно споменати во европските закони и конвенции за заштита на природното наследство. Истовремено Кресненската Клисура претставува важен пат за преселба на крупни цицачи меѓу планините на Балканскиот Полуостров. Низ клисурата минува и една од главните воздушни магистрали за преселба на птиците од Европа кон Африка, наречена „Вија Аристотелис“.

Бујните води на река Струма во Кресненската Клисура даваат добри услови за сплаварење.

Сообраќај По целата должина на клисурата од север на југ минува 23-километарска делница од првокласниот пат I-1: Видин – Монтана – Враца – Софија – Перник – Горна Џумаја – ГП „Кулата - Драготин“ (од 383,3. до 406,4. км).

Напоредно на патот целосно по левата (источна) падина минуваат и 20 км од железничката линија Софија – Горна Џумаја – Кулата, со особено впечатливи мостови над малите леви притоки на Струма и осумте тунели, кои ги пресекуваат нејзините свијоци.

Поврзано Кресненско Симитлиска Котлина Светиврачко-петричка Котлина

Наводи

Надворешни врски

Лист од карта K-34-83. Размер: 1 : 100 000

Категорија:Клисури во Пиринска Македонија‎ Категорија:Кресна Категорија:Општина Кресна Категорија:Општина Симитли