Попинолачки Водопад () — водопад во северниот дел на планината Пирин, Пиринска Македонија. Се наоѓа во месноста Попина Лака, 18 км од градот Свети Врач (Сандански), на надморска височина од 1.230 м. Сместен е по течението на реката Башлиица, на стотина метри над нејзиниот влив во реката Срчалиица, кои заедно ја образуваат Светиврачка Бистрица. Висок е 15 м (според други податоци — 12 м) и се одликува со полноводност преку целата година. На 11 октомври 1965 година е прогласен за споменик на природата под називот „Водопад на реката Светиврачка Бистрица“ (Водопада на река Санданска Бистрица).
Најблиско населено место е с. Лиљаново, а до планинарскиот дом „Јане Сандански“ се стасува за 5–6 минути.
Поврзано Попина Лака Светиврачка Бистрица
Надворешни врски
Попинолачки Водопад — профил во Извршната агенција за животна средина Попинолачкиот Водопад на „Бугарски знаменитости“ Попинолачки Водопад на Водопади во Бугарија Напис на Елена Иванова за Попинолачкиот Водопад
Категорија:Водопади во Пиринска Македонија Категорија:Пирин Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Споменици на природата на Бугарија