Христо Ботев (; 6 јануари 1848 — 1 јуни 1876) — револуционер, писател и теоретичар на бугарското национално ослободување од турското ропство. Бугарските анархисти го сметаат Ботев за истакнат анархист, тврдејќи дека тој факт намерно се игнорира од страна на бугарската официјална историографија.Георги Хаџиев. Историја на анархистичкото движење во Бугарија

Животопис

Рани години и образование thumb|242px|Родната куќа на Христо Ботев во Калофер|левоРоден е во Калофер. Со помош на рускиот вицеконзул во Пловдив тргнува да студира во Одеса, Русија. По една година пишувал дека „овдешните учители и наредби не се човечки, туку ѕвески“. Тешко ги поднесува строгите правила и неговото прибежиште станува библиотека. Од училиштето го исклучуваат, но тоа за него не била казна, туку ослободување. Заминува како бугарски учител во Бесарабија. Авантуристичкиот дух го носи во Романија каде што станал печатар кај издавачот Паничков од Браила.

Во 1868 година во близина на Букурешт се среќава со Васил Левски, идеологот на ослободителната борба (од Турците), а таму го среќава и Иван Вазов, кој исто така е воодушевен од младиот поет. Во тек на следните години е учител во Александрија, Исмаилија, се занимава со конспиративна дејност.

Револуционерна дејност мини|Христо Ботев со Никола Славков и Иван Драсов во Романија, 1875 г.Во април 1871 со телеграма ја поздравува Париската комуна, а во јуни започнува да го издава својот прв весник од кој излегуваат само пет броја. Во април следната година е затворен поради револуционерната дејност. Потоа живее во Букурешт каде работи на своите книжевни дела. Во 1875 се жени со Венета Рашева, а идната година му се раѓа ќерката Иванка. Но веќе во мај го презема водството на четата и се вклучува во бунтот и се качува на паробродот „Радецки“ кој собира уште двесте борци од неговата чета.Раде Силјан, Странски автори&дела, Матица Македоонска, Скопје, 2001, стр. 217-218. Неговата чета се формирала во денешна Романија и се состоела од 172 четници, кои од Ѓурѓево се качуваат на бродот „Радецки“ на 16 мај 1876 година и по еден ден слегуваат на бугарскиот брег. По влегувањето во Бугарија, четата се движела на југ, но на 1 јуни во Балканот крај Враца е опколена од голема турска (черкеска) потера, при што Христо Ботев е убиен од страна на еден Черкез. Врз основа на истражувањата на д-р Стефан Влахов Мицов кои тој ги презентира во неговата книга „Кој го уби Христо Ботев“, тој бил убиен од неговите соборци.Кой уби Христо Ботев?, Нов ден, София, 1994http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1077&ArticleID=70510

Како што пишува Даме Груев, револуционерите од ВМОРО дејствувале по примерот на Ботев.

Покрај револуционер, Христо Ботев е славен и како поет. Најпознати се песните: „Елегија“, „Зададе се облак темен“, „Бесењето на Васил Левски“ и „Хаџи Димитар“.

Со името на Ботев се именувани Ботевград во Софиска област (до 1934 г. Орхание) врв Ботев - Највисок врв на Стара планина Бугарски баталјон „Христо Ботев“, прва воена единица во Втората светска војна формирана од поранешни бугарски војници на територијата на Македонија и Југославија кои одлучиле да им се приклучат на партизаните. Програма "Христо Ботев" на Бугарското национално радио Улици и булевари во многу бугарски градови и села Училишта, читалишта и библиотеки ФК "Ботев" - Пловдив - Фудбалски клуб од Пловдив ФК "Ботев" - Враца - Фудбалски клуб од Враца

Наводи

Надворешни врски Мрежно место за Христо Ботев Творештвото на Христо Ботев Текстови: поезија, сатира, фејлетони, публицистика, писма Лјудмил Стојанов - Живот и творештво на Ботев

Категорија:Анархисти Категорија:Бугарски револуционери Категорија:Бугарски писатели Категорија:Априлско востание