мини|десно|250п|Поглед на селото Краиште од Беличкото Поле. { "type": "FeatureCollection", "features": [
"type": "Feature", "properties": {}, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 23.569450378417972, 41.93242245865234 ]
] }
Беличко Поле или Беличка Котлина (, Белишка котловина) — дел котлинското дно во северниот дел на Разлошката Котлина во Пиринска Македонија.
Подрачјето е сместено по горното течение на реката Места и по долното течение на нејзината десна притока, Беличка Река. Од запад, север и североисток е заградено од јужните падини на Рила, а на југоисток — од падините на Родопите. Од север на југ должината му е 6 км, а ширината — до 1 км. Средната надморска височина изнесува 860 м. Котлинското дно е изградено од плиоценска глина, препокриена со квартарни наслаги. Се одликува со еродирани исцедени почви од циметен шумски вид.
Во северниот крај на полето е сместен градот Белица, а во југоисточниот дел се селата Краиште и Хахњово (Горно Краиште).
Во југоисточниот дел, во правец север-југ и должина од 3 км поминува делница од второкласниот пат бр. 84: Зв’ничево – Велинград – Разлог. Напоредно на патот поминува и дел од теснолинејката „Септември – Добриништа“. Топографска карта Лист од карта K-34-84. Размер: 1 : 100 000
Поврзано Беличка Река Разлог (област) Бабјачки говор
Наводи
Категорија:Географија на Пиринска Македонија Категорија:Котлини во Бугарија Категорија:Општина Белица Категорија:Белица (град)