„Поглед во зеницата на сонцето“ (српскохрватски: Pogled u zjenicu sunca) - југословенски филм од 1966 година, во режија на Вељко Булајиќ. Главните улоги ги играат: Антун Налис, Велимир Бата Живоиновиќ и Фарук Беголи. Филмот спаѓа во почетоците на т.н. „авторски филм“ во Југославија, така што наместо епски замав, филмот ја прикажува драмата на неколку изолирани поединци. На Пулскиот фестивал, Налис бил награден со „Златна арена“ за најдобра машка улога, а филмот бил прикажан надвор од конкуренција и на Канскиот филмски фестивал во 1966 година.РТС, Поглед у зјеницу сунца (пристапено на 15.2.2020)
Синопсис Четворица партизани се одвојуваат од својата чета поради снежната бура. Тројца од нив се болни од тифус, а единствениот здрав меѓу нив настојува да ги доведе на сигурно...РТС, Поглед у зјеницу сунца (пристапено на 15.2.2020)
Наводи
Категорија: Филмови со Фарук Беголи Категорија: Филмови со Антун Налис Категорија: Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија: Филмови на Вељко Булајиќ Категорија: Партизански филмови Категорија: Југословенски филмови Категорија: Црно-бели филмови Категорија: Филмови од 1966 година Категорија:Филмови за Втората светска војна