Град — градиште од доцноантичкото време. На 6 километри северно од селото Кучевиште, на гребен со карпест врв и височина од 1.080 метри се гледаат темели од одбранбен бедем, зачувани на западната и југоисточната падина. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бошњачка Чешма — некропола од доцноантичко време; Градиште — утврдена населба од доцноантичко време; Кучевиште — осамени наоди од римско време; и Радишко — некропола од римско време.

Наводи

Категорија:Кучевиште