мини|Мозаик, 5 век од н.е. Од лево кон десно: Ифигенија, Клитамнестра, Агамемнон. Ифигенија (старогрчки: „таа која раѓа силен сој“) — лик од старогрчката митологија, ќерка на кралот Агамемнон и на кралицата Клитемнестра. Според митот, во Аулида, подготвена за поход на Троја, грчката војска веќе подолго време чекала поволен ветар за да исплови. Меѓутоа, божицата Артемида, навредена поради тоа што Агамемнон ѝ го убил омилениот елен, не сакала да пушти ветар. Тогаш, пророкот Калхант ја искажал желбата на божицата: Ифигенија да се принесе како жртва. Агамемнон не сакал да направи таква жртва, но најпосле морал да попушти, зашто војската почнала да се буни. Под изговор дека сака да ја омажи за Ахил, Агемемнон ја повикал Ифигенија во Аулида. Меѓутоа, кога ја донеле на жртвеникот, Артемида се смилувала и, наместо неа, на жртвеникот испратила една срна, а Ифигенија ја обвиткала во облак, ја однела во Таурида и ја направила своја свештеничка.„Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 166.

Ифигенија како мотив во уметноста мини|Франсоа Перие, „Жртвувањето на Ифигенија“ (17 век). „Ифигенија во Таврида“ (германски: Iphigenie auf Tauris) — драма на германскиот писател Јохан Волфганг Гете.J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 78-79. „Ифигенија во Таврида“ — опера на Кристоф Вилибалд Глук од 1779 година. „Жртвувањето на Ифигенија“ — песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 26.

Наводи

Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Ликови од старогрчката митологија