мини|300п|десно|Панорама на селото Горњане
Црногорија — историско-географска област во северниот дел на Македонија. Областа ги опфаќа селата распослани на јужните падини на планината Скопска Црна Гора.
Граници
Областа на север, исток и запад е заокружена од огранки на самата планина Скопска Црна Гора.
Во минатото селото Блаце (Чучер-Сандево) припаѓало на областа Црногорија поради присуството на словенското население. Истовремено, селата Раштак, Булачани и Црешево, се сметаат за дел од областа поради самото население. Поради доселувањата од селата на Скопска Црна Гора и селата Горно Оризари и Радишани се сметани за дел од областа.
Селото Стајковци исто така се смета за дел од Црногорието од локалното население и од околното население поради непосредната близина со села како Црешево и Смилковци кои се дел од Црногорието. Стајковци и Црешево се оддалечени околу 2-3 км од едното село до друго.
Села
Села кои влегуваат во рамки на областа:
Горњане Бањане Чучер Глуво Бразда Мирковци Кучевиште Побожје Бродец Љубанци Љуботен
Поврзано Носии од Црногорија
Наводи
Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Историско-географски области во Македонија