Основно училиште „Коста Рацин“ (официјално: Основно општинско училиште „Коста Рацин“ - Брвеница; скратено: ООУ „Коста Рацин“) — централно основно училиште во тетовското село Брвеница, Општина Брвеница.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во селото Брвеница, во неговиот средиштен дел.

Историја

Објектот на училиштето бил изграден во 1926 година.

Особеност

Наставата се одвива од прво до деветто одделение со по две паралелки во секое одделение. Покрај ученици од село Брвеница, настава од петто до осмо одделение посетуваат и учениците од соседнотo село - Долно Седларце.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик во 22 паралелки.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Коста Рацин“ - Долно Седларце, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Основни училишта во Општина Брвеница Категорија:Брвеница Брвеница Категорија:Основни училишта во Македонија