Искра Божиновска (Скопје, 18 јуни 1947) — македонска оперска пејачка (сопран).
Животопис Родена е во Скопје на 18 јуни 1947 година. Во 1970 година дипломирала соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професорот Коста Трпков. Во периодот од 1970 до 1992 година работела како солист во операта и балетот на МНТ, а во периодот од 1989 до 1990 година биле и директор. Се преселила во Австрија, а потоа и во Австралија, каде што се занимава со педагошка дејност и хорско пеење.
Божиновска располага со пријатен глас, естраден шарм и уверлива сценска игра. Гостувала на неколку оперски сцени во земјите од поранешна Југославија, како и во Германија, Италија и Канада.
Улоги На оперската сцена на МНТ остварила повеќе од 25 помали и поголеми улоги, меѓу кои: Аида во „Аида“; Евридика во „Орфеј и Евридика“; Елизабета во „Дон Карлос“; Јарославна во „Кнез Игор“; Мими во „Боеми“; Леонора во „Трубадур“; Татјана во „Евгениј Онегин“; и Симка во „Разделба“.
Наводи
Категорија:Македонски оперски пејачи