Шпајер (, до 1825 г. и Speier) — град во Рајнската област-Пфалц, Германија со околу 50.000 жители. Лежи на левиот брег на реката Рајна, 25 км јужно од Лудвигсхафен и Манхајм, а 21 км југозападно од Хајделберг. Основан е од Римјаните, и се вбројува меѓу најстарите градови во државата.
Забележителни знаменитости на градот се Шпајерската катедрала, уште неколку цркви и Старата порта. Под главниот олтар на катедралата се погребани осум свети римски цареви и германски кралеви.
Шпајер е познат по т.н. „Шпајерска протестација“ на Царскиот собор од 1529 г. со која разни кнезови се заложиле за повлекување на забраната врз делата на реформаторот Мартин Лутер, и со тоа удирајќи ги темелите на протестантството.
мини|десно|Главната улица со Шпајерската катедрала во позадината. Најпрвин градот се нарекувал Новиомагус и Кивитас Неметум по тевтонското племе Немети кое се доселило на ова подрачје. Во VI век е засведочено името Спира, изведено од франкиската населба Вила Спира близу гратчето.
Времеследен преглед 10 п.н.е. — поставен првиот римски воен логор (меѓу градскиот дом и епископскиот дворец). 150 — гратчето обележано како Новиомагус на светската карта на старогрчкиот географ Птоломеј. 346 — за првпат споменат епископ на гратчето. IV век — градот Кивитас Неметум обележан на картата „Појтингерова табла“. V век — Уништен Кивитас Неметум. VII век — гратчето е одново подигнато под името Спира, наречен по блиска франкиска населба. 1030 — светиот римски цар Конрад II ја започнува преградбата на Шпајерската катедрала, денес светско наследство на УНЕСКО. Во истиот век е изграден првиот градски дом. 1076 — светиот римски цар Хајнрих IV тргнува од Шпајер на патот за Каноса за да се сретне со папата. 1084 — основана првата еврејска заедница во Шпајер. 1096 — крстоносната војска на грофот Емих ги пустоши еврејските заедници во Рајнската област; Шпајерскиот епископ Јован ги засолнил Евреите во својот дворец, а потоа ги однел во тврдина вон градот. Решено е дека повредувањето на Евреи ќе се казнува со отсекување на раката.Simon Schama, The History of the Jews, Vintage Books 2014 p.298 1294 — епископот ги губи највеќето дотогашни права, и Шпајер станува слободен царски град на Светото Римско Царство. 1349 — збришана еврејската заедница во Шпајер. 1527 - 1689 — Шпајер е седиште на Царскиот камерен суд. 1526 — Шпајерскиот царски собор (рајхстаг) носи одлука за привремена толеранција кон лутеранските учења и богослужба. 1529 — На Шпајерскиот царски собор лутеранските кнежевства на царството изразуваат силно незадоволство во врска со противреформациските, воведувајќи го поимот протестантство. 1635 — маршалот на Франција, Ирбен де Маје-Брезе, заедно со војводата Жак Номпар де Комон ги освојвуаат Хајделберг и Шпајер. 1689 — француската војска прави големи штети врз градот. 1792 - 1814 — Шпајер паѓа под француска власт по Битката кај Шпајер. 1816 — Шпајер станува управно седиште на областа Пфалц и Рајнскиот округ на Баварија (подоцна наречен Баварски Пфалц), и останува таков сè до крајот на Втората светска војкна. 1883 - 1904 — изградена спомен-црква овековечувајќи ја Протестацијата од 1529 г. 1947 — отворена Државната академија за управна наука (подоцна преименувана во „Германски универзитет за управни науки“ - ШпајерGerman University of Administrative Sciences Speyer). 1990 — градот одбележува две илјади години постоење.
Знаменитости мини|десно|Поглед на Шпајер од катедралата. Шпајерска катедрала Стара градска порта Спомен-црква на Протестацијата Црква „Св. Троица“ Еврејски двор – остатоци од средновековната синагога и микве (обредна бања) Технички музеј — музеј на превозот Историски музеј на Пфалц
Збратимени градови Шпајер е збратимен со следниве градови:
Сполдинг, Велика Британија (1956) Шартр, Франција (1959) Курск, Русија (1989) Равена, Италија (1989) Гњезно, Полска (1992) Јавне, Израел (1998) округ Русизи, Руанда (1982/2001) Нингде, Кина (2013)
Познати личности мини|150п|Јохан Јоахим Бехер мини|150п|Автопортрет на Анселм Фојербах, 1873 г. Јуда бен Самуел (1140-1217) — еврејски писар и мислител Габриел Бил (~ 1415-1495) — схоластички филозоф Јохан Јоахим Бехер (1635-1682) — лекар, алхемичар, претхоник на хемијата Анселм Фојербах (1829–1880) — водечки класицистички сликар Карл-Адолф Холит (1891-1985) — офицер на Вермахтот Кристијан Рајф (р. 1984) — скокач во далечина Себастијан Лангкамп (р. 1988) — фудбалер Ларс Штиндл (р. 1988) — фудбалер
Поврзано Шпајерска катедрала Технички музеј (Шпајер) Шпајерска линија
Наводи
Надворешни врски
Шпајер на Википатување Градски портал на Шпајер Мрежно место на Шпајерската катедрала Макетна карта на Шпајер во средниот век Технички музеј (Музеј на превозот) Тури со водич низ Шпајер
Категорија:Универзитетски градови во Германија Категорија:Безокружни градови во Рајнската област-Пфалц Категорија:Пфалц Категорија:Историја на Пфалц